Q&A Разговор со Ивица Мирчевски, инструктор на курсот за AutoCad
- декември 28, 2022
- Објавено од: Hristina Kolova
- Категорија: Инструктори
1. Накратко запознај не со себе, кој е Ивица?
Дипломиран машински инжинер, кој постојано учи, вложува и се надоградува себеси. Инаку по природа адреналински зависник, авантуриста и трагач на возбуда.
2. Сертифициран инструктор си за AutoCAD. Од каде желбата за работа во оваа алатка?
Во средношколски денови доста технички цртежи беа цртани рачно. Желбата истите да се нацртааат прецизно, со можност за корекција, и драгоцено кратко време, не запозна со софтверот AutoCAD кој го овозможува тоа.
3. На што се должи популарноста на AutoCAD според тебе?
AutoCAD е програма која е доста разбирлива и прифатлива како за почетници, така за професионалци. Софтверот е наменет за креирање на 2D или 3D проекти, што им овозможува на инженерите, дизајнерите да ги донесат дизајните од нивните умови во реалните свет.
4. За кого е наменет овој курс?
Курсот е наменет за цела армија на корисници, како архитекти, инжинери, дизајнери на ентериер, уметници … Со еден збор наменет е за сите оние кои имаат високи барања со помош софтвер, да обезбедат високо ниво на своите проекти во различни области.
5. Зошто некој треба да поседува познавање на софтверот AutoCAD?
Брзината и леснотијата со која се креираат или модифицираат проектите со помош на компјутер, претставуваат огромни предности во однос на класичниот начин на работа. Може да се каже дека границите на примена на AutoCAD ги поставуваат самите корисници. Се што до вчера можело да се нацрта на стариот добар начин, денес може да се генерира со помош на AutoCAD.
6. Што можат учесниците да очекуваат од овој курс? Што ќе се учи?
Пред се треба да се каже дека на часовите има добра дружба.
На првиот час се учи како да се отвори софтверот, како се користи глувчето за цртање, за до последниот час се стигне до ниво, да може да се нацртаат проект во 3D. Се тоа е проследно со примери и самостојни вежби низ целиот курс.
7. Како и каде можат учесниците да ги применат стекнатите вештини од тренингот?
Доаѓањето на AutoCAD целосно ја променува дизајнерската индустрија, воведувајќи нова ера на дизајнерски практики што главно се потпираа на компјутерите. Првично е создаден за употреба во архитектонска и градежна индустрија, сега се користи во скоро секоја индустрија.
– Архитектура
– Дизајнери на ентериер
– Машински инженери
– Електро инженери
Уписите на курсот за AutoCAD се во тек. Резервирај го своето место до 10ти Јануари, и добиј 10% попуст на редовната цена!