Student Experience – Антонио Јовчевски, студент на Академијата за Salesforce Administrator
- март 21, 2024
- Објавено од: Hristina Kolova
- Категорија: Salesforce Student Experience
Дали знаеше дека SMX е првиот едукативен центар во Македонија кој овозможува едукација за Salesforce Administrator во формат на курс, буткамп И Академија? Што значи Salesforce Administrator? Тоа е лице кое работи во една од најпопуларните CRM алатки во моментов – Salesforce, со цел управување со податоците на клиентите/потрошувачите, креирање извештаи и контролни табели и обезбедување интегритет на податоците.
Ако се одлучиш за кариера како Salesforce Administrator можностите се следниве:
- Beginner Salesforce Administrator
- Senior Salesforce Administrator
- Salesforce Developer
- Salesforce Consultant
- Marketing Cloud Consultants
Дознај повеќе за претстојниот термин за Salesforce еукација, овој пат во формат на 3-месечен Bootcamp-от за Salesforce Administrator.
Денес разговараме со студент од претходниот термин на Академијата за Salesforce Administrator, Антонио Јовчевски кој се согласи да ни го сподели своето искуство за време на истата.
1. Кажи ни неколку зборови за тебе…која е твојата професија?
– Дипломиран економист. Веќе 3 години работам како Marketing Executive (Senior) во Sopro. Најголемиот дел од мојата работа се состои во комуникација со клиенти, креирање, идентификување на идеален маркет и пласирање (воедно и оптимизирање) на кампањи преку кои тие би оствариле ROI. Слободното време го поминувам во читање, вежбање и прошетки со моето куче Пепе.
2. Како дозна за SMX и што ти претставуваше главна мотивација за да започнеш едукација тука?
– За SMX дознав при моето истражување за Salesforce курсеви и академии во Македонија, ја видов и програмата составена за истата, ми се допадна највеќе од се што претходно истражив и решив да и дадам шанса.
3. Дали имаш претходно познавање од алатката Salesforce и зошто се одлучи да започнеш со изучување на истата?
– За Salesforce моето претходно знаење и искуство е површно, главно ориентирано на пренос на информации од платформата која ја користам на мојата тековна работа и нејзина поврзаност и интеграција со Salesforce CRM платформата на моите клиенти. Главната мотивација беше пред се поттикната од дел од мои клиенти (компании) кои го користат Salesforce како платформа преку која имаат интердепартментална поврзаност и организација. Во дел од истите имаме комуникација во одност на синхронизација на извештаи, информации и пренос на истите во нивниот CRM, со што само го зголеми мојот интерес да дознаам повеќе за оваа платформа која го доминира CRM пазарот.
4. Академијата за Salesforce има за цел учесниците да добијат целокупно знаење за позицијата Salesforce Administrator. Како би го опишал твоето искуство на академијата?
– Би кажал само пофални зборови. Salesforce како тема е преголема, секоја тема која што беше помината на предавањата беше одлично пренесена од Мишел, одговор на секое прашање, достапност за било што, што посебно ми се допадна. Знаењето секогаш може да се надогради, се додека поставената основа поттикнува интерес за совладување на веќе претставениот матерјал и ресурсите достапни за понатамошно учење.
5. Кој модул би го истакнал од програмата?
– Reports and Dashboards дефинитивно.
6. Што за тебе денес претставува Salesforce алатката и професијата Salesforce Administrator?
– Предизвик и област во која би сакал да развијам дополнително искуство и познавање. Дефинитивно нешто кон кое моето внимание ќе биде насочено наредните 6 месеци. Доста од знаењето акумулирано во тек на предавањата веќе ми помага да бидам од многу поголема корист на мои колеги и клиенти кои работат со Salesforce.
7. Дали имаш некоја методологија или начин на учење нови вештини кој ти помага за полесно совладување на материјалот?
– Работа паралелно со менторот, поставување на многу прашања, фаќање белешки и секако повторување. Се додека постои интересес, дисциплина и поставена цел, нема нешто што не може да се научи и совлада.
8. Дали веќе ја применуваш алатката или планираш во иднина?
– Моментално го користам мојот профил за повторување на матерјалот, прегледување на предавањата и како што спомнав претходно, користење за координација со клиенти при интеграција и синхронизација на нивниот Salesforce.
9. Зошто би ја препорачал оваа Академија некому?
– Академијата е дефинитивно една од подобрите на која сум бил, максимално ми се допадна пристапот кој го имаше Мишел, неговата посветеност, внимание и сите споделени информации и совети кон нас. Посебно ми се допадна тоа што предавањата ги имаме снимено и for life пристап до истите заедно со креираните профили кои може да ги користиме за понатамошно учење, при повторување и сл. Мислам дека ова се клучните фактори кои треба да бидат дополнителен мотив за било кој што сака да биде дел од Академијата.