5 причини зошто Академија за веб програмирање во SMX
- октомври 25, 2023
- Објавено од: Hristina Kolova
- Категорија: Академии
Програмирањето е вештина на иднината, но за да бидеш програмер кој ќе реди успеси потребно ти е квалитетно знаење. Оттука, првиот чекор е најважен! Кој е првиот чекор до кариера како програмер?
Соодветна едукација – на факултет или пак преку Академија. Изборот тука треба да биде само твој, а доколку втората опција (Академија) е она што го одбираш тогаш најпрвин треба добро да се информираш за местото кое ти нуди едукација.
Денес, во овој блог пост, ние од SMX ги споделуваме најважните предности на нашата Академија за веб програмирање кои може да ти се од значење кога ќе донесуваш одлука: Каде да учиш веб програмирање?
1. Pair Learning – Паралелно учење и работење
Pair Learning или Pair Programming е нов начин на учење со кој ќе стекнете вештини покрај некои специфични како програмирање и слично, и вештини како комуникација, менаџмент итн.
Учењето во парови е заеднички пристап каде што двајца се здружуваат и заедно ги решаваат задачите и проектите.
Како овој начин на учење ќе биде имплементиран на академиајта за веб програмирање во SMX?
Овој концепт ќе почне да се имплементира уште во текот на првите покомплексни проблеми и задачи, односно кога студентите ќе треба да посветат неколку дена за тие да бидат комплетирани. За да го забрзаме процесот на совладување на истите, задачите ќе бидат зададени на тим од двајца каде тие ќе мора да го користат концептот pair programming и заедно да соработуваат за побрзо да дојдат до решение. Пример проекти во делот од HTML/CSS, проект во делот React, како и за завршните проекти од програмата.
Pair Learning нуди неколку предности од стандардниот начин на учење:
- Брз развој на вештини
- Различни перспективи
- Одговорност
Повеќе за Pair Learning може да прочиташ на нашиот блог.
2. 83% Успех при вработување
SMX до сега има комплетирано два термина од академијата за веб програмирање, третиот термин е во завршна фаза, а моменталниот е во тек формирањето на групата од четвртиот термин.
Тимот на SMX, за веќе комплетираните два термина достигна навистина големи успеси и дојде до висок процент на вработени учесници. Ова го постигнавме преку постојана комуникација со учесниците не само во текот на учењето, туку и по комплетирање на академијата каде што се работеше интензивно на подобрување на комуникациски вештини, оптимизација на LinkedIn и GitHub профили, посочување соодветни огласи за работа и подготовка на учесниците за нивното интервју.
За да прочиташ повеќе за нашиот координатор на програмите, Ѓорги кој успешно ги подготви студентите, може да го погледнеш нашиот блог пост.
3. Работа со GitHub Education
SMX Academy уште во јануари 2020 година се стекна со значката на GitHub Campus партнери, први и се уште единствени во Македонија.
Како училиште за образование на GitHub, ние имаме уживаме:
- Бесплатен пристап до GitHub Enterprise Server и GitHub Enterprise Cloud за секој оддел, вклучувајќи ги и нашите технички оддели
- Обука на наставници за совладување на Git и GitHub
- Автоматски пристап до премиум функциите за образование на GitHub
- Ексклузивен пристап до нови функции и специјална едукација на GitHub за образование
Покрај тоа имаме можност да користиме и многу интересни алатки кои ни помагаат во текот на наставата и домашните како што се:
- Преглед на код
- Управување со проекти
- Интеграции
- Заедница
- Документација
- Хостирање на кодови
4. Докажан тим на инструктори
Секој од нашите инструктори има најмалку 7 години искуство како програмер и соработува со SMX веќе 3 години. Ние сме целосно посветени на долгорочни соработки со нашите експерти и знаеме колку е важно истиот тим да соработува со нас континуирано и постојано да се надоградуваме.
5. Еден термин годишно
За успешно да се организира и спроведе еден термин од академијата за веб програмирање е потребно многу работа и фокус. Ние знаеме колку труд вложуваме во секој термин и за сите учесници и токму затоа ставивме лимит на само еден термин годишно, да може максимално да се посветиме на работа со учесниците и инструкторите.
6. Успешни приказни по завршување на Академијата
Студентите кои до сега биле дел од Академијата за веб програмирање во SMX се вистинската слика за квалитетот на Академијата, оттука те охрабруваме да ја прочиташ Успешната приказна на Митко Арсов, кој со помош на Академијата од Архитект, започна кариера како Веб Девелопер, а денес успешно своето знаење секојдневно го експресира во познатата компанија Volvo.
Прочитај ги сите успешни приказни од Иван, Кирил, Бојан и многу други наши студенти на нашиот блог.