Што е Data Mining и зошто е кариера на иднината?
- октомври 27, 2023
- Објавено од: Hristina Kolova
- Категорија: Data Mining Дигитални вештини
Во време каде светот го водат податоците, нивната улога е огромна, со нив може да се постигне МНОГУ, а без нив речиси НИШТО. Оттука, да знаеш како правилно да добиваш податоци, и истите да ги менаџираш, значи да имаш клучна улога во обликувањето на еден бизнис па дури и индустрија.
Во овој блог пост нема да зборуваме за АНАЛИЗА на податоците или Data Analysis, туку за Data Mining.
Што значи Data Mining?
Data Mining е процес при кој од група на податоци се извлекуваат корисни информации кои се од голема ВАЖНОСТ за еден БИЗНИС.
Пример: Замисли си дека си сопственик на Е-продавница и сакаш да ја зголемиш продажбата и да го подобриш задоволството на клиентите. Во твојата Е-продавница секојдневно прават продажби голем број на потрошувачи. Дали е доволно само да знаеш кој и колку купил? Тука се истакнува И Data Mining, процес со кој можеш да дознаеш многу повеќе, на пример: за производите кои често се купуваат заедно, ќе можеш да навлезеш во размислувањето И однесувањето на твоите потрошувачи.
Како би се користело Data Mining за ваква е-продавница?
Замислете да имате можност да извлечете информации за најпродаваните производи во одредена држава или на светско ниво. Потоа тие податоци да ви користат да донесете подобра одлука кои нови производи да ги нарачате и со тоа да имате поголема продажба.
Не само тоа, со Data Mining ќе можете да извлечете податоци за вашата публика и потенцијални купувачи. Ќе дознаете какви навики имаат, кои производи ги бараат и како најдобро да им понудите нешто ново.
Примената на Data Mining е навистина многу голема, а бенефитот за секој бизнис може да биде огромен.
Зошто Data Mining е кариера на иднината?
- Со секој клик, купување или интеракција со социјалните медиуми, се генерираат огромни количини на податоци.
- Се повеќе се зголемуваат сајбер заканите, поради количината на податоци кои се оставаат секојдневно на онлајн платформите.
- Се поголемата конкуренција на пазарот, ги доведе бизнисите да мораат да размислуваат врз основа на информации и податоци.
- Со секојдневните ризици со кои секој финансиски сектор се соочува, речиси и не може да функционира без анализа на податоците.
- Се поголемите податоци кои секојдневно се складираат во здраствените досиеа, доведеа до нови медицински технологии и лекови за многу здраствени состојби.
Оваа листа на реални случаеви каде важноста на податоците се истакнува можеме да ја продолжиме до крајот на овој текст, и повеќе од тоа. Суштината е дека податоците се речиси секаде во секојдневието за многу работи, а доколку знаеме како правилно да ги користиме, тогаш токму тие ќе бидат вистинскиот клуч кој го бараме.
Поради важноста на оваа тема, во SMX ја организираме 4 месечната едукативна програма или Data Mining Bootcamp, на кој покрај теоретскиот дел, ќе можеш 1 месец практично да го примениш своето знаење преку работа на реален проект за SMX! Линк до официјалната страна за Data Mining Bootcamp каде можеш да дознаеш многу повеќе.