Student Experience – Елена Димитрова Вуксановиќ (Комплетен Курс за Facebook & Instagram Marketing)
- ноември 23, 2023
- Објавено од: Hristina Kolova
- Категорија: Успешни приказни
Запознај ја Елена, лојален и посветен студент во SMX која до сега има посетено 3 обуки во SMX, а наскоро ќе се приклучи и на групата на Social Media Bootcamp!
Елена како и многу други студенти кои го надоградија своето знаење преку нашите едукации се мотивот да овозможуваме уште подобри и квалитетни програми во формат на курс, Bootcamp или Академија. Токму на 27ми Ноември стартуваме со 4-месечен Social Media Bootcamp – едукативна програма за време на која првин ќе учиш од детална програма за работа на социјалните медиуми, а потоа 1 месец ќе работиш на реални проекти за компании со кои соработуваме.
Сакаш да дознаеш повеќе? Прочитај тука.
1. Зошто курс за Facebook & Instagram Marketing во SMX?
Инстаграм и Фејсбук се неопходни алатки за успех во денешно време без разлика дали сакате да развиете свој бренд или работите во некоја компанија. Јас имав идеа за свој бизнис, но немав целосно познавање за тоа како можам да ги искористам овие алатки правилно и да дојдам до посакуваните резултати. Почнав сама да истражувам, но набрзо сфатив дека би било многу полесно кога би можела да учам од некој кој веќе има стекнато огромно искуство и знаење. SMX имаа доста уникатни објави кои навистина ми го привлекоа моето внимание да ги разгледам понудите. Цената, времетраењето и содржината на курсот се поклопуваа одлично со моите можности, па така решив да се запишам на курсот. Презадоволна од пренесеното знаење, посветеноста и професионалноста на менторот Христина Колова на предавањата ми помогнаа многу во реализирање на мојата идеја за понатамошна работа.
Мојата приказната во SMX започна токму со овој курс.
2. Од кој модул од програмата го применуваш стекнатото знаење денес?
Покрај запознавање со најновите трендови и пракси на Инстаграм и Фејсбук, курсот особено ми помогна да научам да креирам целосни кампањи, како да ги анализирам и менаџирам правилно со цел да ги добијам посакуваните резултати. Апсолутно се од стекнатото знаење го применувам во моментов бидејќи успешно работам на неколку различни проекти, меѓу кои и за свој сопствен бизнис.
3. Накратко запознај не со тебе, која е Елена?
Јас сум дипломиран биолог со долгогодишно работно искуство во маркетинг и продажба, кое го надоградувам со вештини за дигитален маркетинг и дизајн. Моментално работам на Facebook и Instagram страница за развивање на свој бренд, но во исто време работам и на неколку други проекти за други компании.
4. Дали програмата на курсот и начинот на предавање ги исполни твоите очекувања?
И повеќе од очекуваното. Интересниот почеток и вовед на Глигор Ризов и добро организираните, јасни и концизни предавања на Христина Колова правеа да уживам додека ја следам наставата. Христина беше достапна за било какви прашања и надвор од предавањата и во текот на целата настава имаше супер интеракција со сите учесници. Покрај теорија, сето знаење беше прикажано и преку практични примери, а домашните задачи и фидбекот од Христина уште повеќе допринесоа за совладување на материјалот.
5. Како би го опишала твоето целокупно искуство со SMX?
Искуството е одлично. Откако почнав со првиот курс во SMX пред 10 месеци во континуитет продолжив да го надоградувам знаењето со многу други обуки. Наскоро започувам со нивниот прв Social Media Marketing Bootcamp каде ќе ми бидат ментори Глигор Ризов, Христина Колова и Елена Цветковска. Секако и во иднина SMX ќе биде дел од моето учење и надградување на знаењето, бидејќи проказната со SMX е и почеток на едно пријателство.
6. Дали овој курс би го препорачала на други заинтересирани и зошто?
Секако, со задоволство го препорачувам на сите мои пријатели и на сите оние кои сакаат да научат и да ги надградат своите знаења, а при тоа да добијат професинален, креативен и пријателски пристап во процесот на учењето.