Реални проекти на Bootcamp за Графички дизајн за Food & Café Bar Concept
- март 19, 2024
- Објавено од: administratorskarabota
- Категорија: Bootcamp за Графички дизајн со Photoshop & Illustrator
Сакаш да ги научиш најкористените алатки за графички дизајн Photoshop & Illustrator? Приклучи се на 3-месечен Bootcamp каде ќе работиме на реални проекти за партнер компанијата Concept.
Графичкиот дизајн е уметноста на комуникација, стилизација, и решавање на проблеми преку употреба на типографија, простор, слика и боја. Тој се фокусира на визуелно претставување на идеи и пораки на начин кој привлекува внимание, генерира интерес и провоцира акција од гледачот. Графичкиот дизајн се наоѓа секаде околу нас, од веб-сајтови и мобилни апликации до реклами и пакување на производи.
Двете водечки алатки веќе 2 децении, се Adobe Photoshop & Illustrator, кои целосно го оформија графичкиот дизајн што го знаеме денес.
Дизајнирањето со Adobe Illustrator е клучен процес во креирањето на векторска графика, која е идеална за лога, икони, типографии и илустрации што бараат висока прецизност и можности за скалирање без губење на квалитетот.
Photoshop е моќна алатка за обработка на фотографии која овозможува детално уредување на сликите, вклучително и корекција на боите, осветлувањето и контрастот.
Социјалните мрежи, како еден од главните начини за комуникација со потрошувачите, стануваат централен дел во работењето на секојдневнието на графичките дизајнери. Многумина почетоците на кариерата им е токму во изработка на графички дизајн за социјалните мрежи, но исто така голем дел остануваат во оваа област и продолжуваат да се усовршуваат.
Токму затоа, нашата програма на буткампот за графички дизајн се креирана околу дизајнирање за социјалните мрежи, со еден месец практичен дел во кој ќе изработуваме дизајни за партнер компанијата Concept.
Повеќе информации за Food & Cafe Bar Concept
Со две локации во Струмица, локалите на Concept веќе повеќе од 8 години го подигнуваат нивото на квалитет во храна и услуга, секогаш стремејќи се кон воведување новости и екслузитети во гостопримството.Како наш партнер во програмата, Concept изобилува со високо-квалитетни слики од двете локации, кои ќе се користат во целиот bootcamp. Преку воспоставена комуникација со нивниот тим, ќе имаме можност да добиваме информации за новости и промени, кои ќе ги претвориме во привлечни дизајни.
Какви проекти ќе се изработуваат?
Добиените материјали од партнер компанијата ќе бидат распоредени од инструкторите до учесниците, кои во текот на едно-месечниот практичен дел од буткампот ќе се изработат според барањата и дадениот рок.
Проектите ќе бидат според потребите на Concept за социјалните мрежи. Со секоја дадена задача ќе има дополнителни информации за каква порака треба да пренесе дизајнот, кои елементи се најважни и каков стил да се користи. Пример проект: Concept најавува нов специјалитет. Дизајнот тимот со добиените материјали, треба да креира графички дизајни кои ќе го претстават специјалитетот, ќе ги направат дизајните привлечни, ќе ја пренесат вистинската порака и ќе го привлечат вниманието.
Кои се придобивките од реалните проекти?
Преку овој начин на работа, ќе имаш можност да се запознаеш како изгледа процесот на дизајнирање во тим за реален клиент. Односно, дали фриленсерски или член од поголем тим, ќе научиш како да одговориш на барањата на клиентите за дизајнирање на социјалните мрежи, запознавајќи ги потребите на клиентот и нивните очекувања.
Ова е најдобар начин да добиеш искуство блиску до пракса во компанија, преку кое ќе ги подобриш твоите организациски и комуникациски вештини. Секој проект ќе има даден рок и барања кои треба да се исполнат, со што ќе имаш одговорност за комплетирање на задачите.
Дознај повеќе за 3-месечниот Botocamp за графички дизајн, пријави се и нашиот тим ќе сподели повеќе информации за програмата и реалните проекти.