Student Experience – Кристијан Котевски – студент на Академијата за Salesforce
- март 21, 2024
- Објавено од: administratorskarabota
- Категорија: Bootcamps Salesforce Student Experience
Дали знаеше дека SMX е првиот едукативен центар во Македонија кој овозможува едукација за Salesforce Administrator во формат на курс, буткамп И Академија? Што значи Salesforce Administrator? Тоа е лице кое работи во една од најпопуларните CRM алатки во моментов – Salesforce, со цел управување со податоците на клиентите/потрошувачите, креирање извештаи и контролни табели и обезбедување интегритет на податоците.
Ако се одлучиш за кариера како Salesforce Administrator можностите се следниве:
- Beginner Salesforce Administrator
- Senior Salesforce Administrator
- Salesforce Developer
- Salesforce Consultant
- Marketing Cloud Consultants
Дознај повеќе за претстојниот термин за Salesforce еукација, овој пат во формат на 3-месечен Bootcamp-от за Salesforce Administrator.
Денес разговараме со студент од претходниот термин на Академијата за Salesforce Administrator, Кристијан Котевски кој се согласи да ни го сподели своето искуство за време на истата!
Кажи ни неколку зборови за тебе…која е твојата професија?
Вработен сум во Slice, веќе 6 години, започнав како Account Manager, но професијата ја продолжив во тимот Integration Support, каде што сум Team Lead на еден прекрасен тим.
Како дозна за SMX и што ти претставуваше главна мотивација за да започнеш едукација тука?
За SMX дознав преку мојот бивши колека Мишел, и социјалните мрежи каде што многумина индивидуалци ги завршија многубројните академии што ги нудите, па по разговор со Мишел за Salesforce Bootcamp-от се одлучив да ги надоградам моите вештини веќе работејки 5 години на оваа CRM алатка
Дали имаш претходно познавање од алатката Salesforce и зошто се одлучи да започнеш со изучување на истата?
Да, имам претходно знаење за оваа алатка, се одлучив на доусовршување на истата, зошто е број 1 CRM алатка во светот за една фирма во каква што работам јас. Можностите со оваа алатка се неограничени и и самата по себе носи многу олеснителни околности за start-up компании, и помага во дојдовните транзиции на пазарот каде што се присутни.
Академијата за Salesforce има за цел учесниците да добијат целокупно знаење за позицијата Salesforce Administrator. Како би го опишал твоето искуство на академијата?
Уште во првите комуникации со академијата имам само пофални зборови, за пристапот нивен со учесниците, уште пред почетокот на академијата. Големо благодарам до Мишел што без резервно се потруди да ја завршиме академијата и да запливаме во познати води поради неговиот ангажман.
Што за тебе денес претставува Salesforce алатката и каква корист според тебе може да има секој што ќе ја научи?
Salesforce алатката претставува една комплетна конекција на целата пирамидална поставеност на една компанија, која нуди многу можности за напредок користејки ја оваа алатка помеѓу сите инволвирани тимови во внатрешните процеси. Бенефитот на оваа алатка за секој што би ја завршил со SMX академијата е многу голема, како и од персонален бенефит така и од надоградување на самиот себе низ многуте можности кои ги нуди Salesforce како платформа.
Дали веќе ја применуваш алатката или планираш во иднина?
Да, алатката веке ја применувам 5 години ,но во иднина планирам да ги изучувам и надоградам моите знаења со сите нови можности што ги нуди Salesforcе компанијата.
Дали би ја препорачал Академијата за Salesforce на други?
Дефинитивно, топло ја препорачувам Salesforce Bootcamp-от од екипата на SMX, секако поради нивниот пристап и професионалност, секогаш тука за почетници кои сакаат да чекорат во еден професионален дигитален свет, спремни за без-број предизвици и можности.