Блог
Еден товар од почеток до крај: вежба од US trucking accounting
- октомври 23, 2026
- Објавено од: administratorskarabota
- Категорија: US Accounting

Во trucking сметководството, секој товар е мала приказна со почеток, средина и крај. Ако ја знаеш приказната, знаеш и што треба да се книжи. Во овој текст го следиме еден товар низ сите чекори, па решаваме вежба со бројки. Земи хартија, ќе ти треба.
Осумте чекори на еден товар
Операции
- Товарот е понуден и прифатен, цената и условите се договорени.
- Диспечерот го доделува товарот и ги внесува оперативните детали.
- Стоката се подига, се создаваат или се собираат транспортните документи.
- Стоката е испорачана, се добива доказ за испорака (POD).
Сметководство
- Сметководството ги проверува документите, цената, дополнителните трошоци и условите за фактурирање.
- Се издава фактура до клиентот и се следи во AR.
- Фактурата или settlement-от од превозникот се проверува и се книжи во AP.
- Парите пристигнуваат, исплатите излегуваат, салдата се усогласуваат.
Првите четири чекори ги прават други луѓе. Но ако некој од нив е прескокнат или погрешно запишан, проблемот се гледа дури во сметководството.
Вежба: товар од 3.100 долари
Ова е групната вежба од првата лекција на нашата програма. Сите податоци се фиктивни.
- Превозник прифаќа товар од брокер за 3.100 долари.
- Товарот е испорачан, POD-от е достапен.
- Превозникот користи owner-operator, со договорен settlement од 2.050 долари.
- За камионот е поднесена сметка за гориво од 180 долари. Да претпоставиме дека превозникот е одговорен за горивото.
Пред да прочиташ понатаму, обиди се сам: кои се страните, кои документи ти требаат, кој кому должи и што би прашал пред книжење?
Решение
Побарување од клиентот
Брокерот најверојатно му должи на превозникот 3.100 долари, под услов фактурата и документите да ги исполнуваат договорените услови.
Обврска кон owner-operator
Превозникот му должи на owner-operator-от 2.050 долари според договорот, под услов на условите за settlement.
Горивото
Тука повеќето се сопнуваат. Пред да направиш било што со 180-те долари, треба да утврдиш:
- кој го купил горивото;
- кој е правно одговорен за него;
- дали е веќе вклучено во некоја друга ставка;
- дали треба да се надомести.
Дали горивото автоматски се одзема од settlement-от на owner-operator-от? Не. Одбиток се прави само ако договорот и документите го поддржуваат. Во оваа вежба превозникот е одговорен за горивото, па тоа е негов трошок.
Бројките
Едноставна разлика пред другите трошоци: 3.100 − 2.050 = 1.050 долари.
Ако горивото е дополнителен трошок на превозникот: 1.050 − 180 = 870 долари, сè уште пред осигурување, одржување и режиски трошоци.
Документи за проверка
Rate confirmation, BOL и POD, договорот со owner-operator-от или основата за settlement и сметката или изводот од картичката за гориво. Сите се објаснети во текстот rate confirmation, BOL и POD.
Сметководствени прашања
Во кој период припаѓа трансакцијата, на која сметка и со кој load ID се книжи, кој ја одобрил и дали веќе не е книжена.
Од каде доаѓаат парите, каде одат
Да ја видиме пошироката слика. Приходот на превозникот обично има три дела: linehaul (основната цена), fuel surcharge (додаток за гориво) и accessorials (дополнителни трошоци како чекање или дополнителни застанувања). Трошоците се луѓето (плати на возачи или settlements на owner-operators), горивото, опремата (кредити, закупи, амортизација на камиони и приколки) и оперативните трошоци (осигурување, поправки, гуми, патарини, дозволи). Затоа 1.050-те долари од вежбата се само почетна разлика. До добивката има уште долг пат.
Домашна задача
Направи мапа на еден товар на една страница: страни, документи, приход, трошоци и очекувани движења на пари. Додај три прашања што би ги поставил на диспечерот или на операциите пред да книжиш. Ова е истата задача што учесниците ја носат на втората лекција.
Има уште 23 лекции после оваа, а четвртиот месец е проект што ти останува како портфолио. Програмата е на us-accounting.smx.mk.