Bootcamp за внатрешен дизајн: Што дизајнираа нашите студенти како проекти ?
- јуни 3, 2025
- Објавено од: Gligor Rizov
- Категорија: AutoCAD и 3ds Max Bootcamp

Секој агол има потенцијал, но вистинскиот дизајн настанува со вистински алатки, знаење и насока. На нашиот Bootcamp за внатрешен дизајн со AutoCAD и 3ds Max, студентите имаа шанса да ги претворат своите идеи во реални 3D проекти, чекор по чекор, со водство од искусни ментори и со практична работа на задачи како во реална агенција.
Што всушност е Bootcamp-от за внатрешен дизајн?
Практична 4-месечна програма каде учиш:
- AutoCAD – за прецизни тлоцрти и распоред
- 3ds Max + V-Ray/Corona – за фотореалистични 3D рендери
- Photoshop (по потреба) – за финално уредување
Секој учесник работи на свој целосен проект – од празна соба до завршен реален ентериер.
Ментори што водат, поддржуваат и инспирираат
👨🏫 Ивица Мирчевски (AutoCAD): со долгогодишно искуство како машински инженер, ја пренесува основата на техничко цртање со многу јасни објаснувања. Вели:
„Секој проект почнува со добра комуникација. Ако не се усогласат сите идеи, нема да функционира дизајнот.“
👨🏫 Димитар Бојчев (3ds Max): специјалист за визуелизација кој стои зад рендери за брендови, веб-сајтови и брошури. Негов совет:
„Трпеливост и љубопитност. Без нив, ниеден рендер нема душа.“
Како изгледа процесот за студентите?
Прво се учат основи: цртање, светлина, материјали, текстури.
Потоа се работи на свој концепт.
И на крај, се изработува финален рендер кој изгледа како фотографија од реален простор.
Секој учесник има менторска поддршка, добива фидбек по модули и учи како да размислува и како дизајнер и како визуализатор.
📸 Галерија: Дел од проектите што ги направија студентите
Тука можеш да ги видиш нивните завршни проекти, ентериери направени од почеток до крај: светлина, текстура, распоред, боја, сè е креирано од нашите студенти.
👉 Погледни галерија
Што велат учесниците?
💬 Томислав Наумовски
„Овој Bootcamp ќе Ви помогне да ги реализирате сите Ваши замислени идеи во внатрешен дизајн. Обуката е одлично организирана, а предавачот е професионалец кој секогаш е тука, целосно посветен и со огромно трпение за да Ве научи.“
💬 Даринка Михајловска
„Сфатив колку е важно секој елемент да има функција, а целиот ентериер да раскажува приказна и да пружа вистинско чувство на простор. Почнете со SMX, затоа што ќе стекнете големо практично знаење и вистинска мотивација.“
💬 Симон Велковски
„Програмата е интензивна, практична и стручно водена – совршена можност за сите кои сакаат сериозно да се посветат на внатрешниот дизајн. Ова е инвестиција што носи вистински резултати, вештини и самодоверба.“
Дали и ти имаш идеја што чека да се претвори во проект?
Доколку секогаш си се прашувал/а како би изгледала твојата идеја во 3D…доколку сакаш да научиш како да создаваш реални визуелизации… или сакаш да започнеш кариера како фриленс дизајнер…
👉 Тогаш Bootcamp-от за Внатрешен дизајн е направен за тебе.
Не ти треба диплома од факултет. Ти треба само љубопитност, интерес и волја да учиш. А ние ќе ти помогнеме со сè останато, чекор по чекор.
✅ Понуда за рано пријавување:
✅ Цена: 600 ЕУР
✅ Можност за плаќање на рати
👉 Резервирај го твоето место тука: https://smx.mk/live/bootcamp-za-vnatresen-dizajn