Пред да започнеме со советите, најпрво да расчистиме: SEO, или Search Engine Optimization, е оптимизација за полесно пронаоѓање од страна на корисниците. Иако овој поим најчесто се употребува за пребарувачите на интернет, како што се Google и Bing, со правилни чекори, ќе можете го оптимизирате Вашиот Instagram бизнис профил и да дојдете до поголема база на корисници и да бидете полесно пронајдени.

Всушност, повеќето техники кои се користат за оптимизирање на една веб страна за да биде пронајдена на Google важат и за Instagram. Од хеш тагови до описи на сликите и видеата, во продолжение следуваат 4 начини кои ќе Ви помогнат да бидете полесно пронајдени.

Совет 1: Оптимизирајте го Instagram Профилот за Explore Табот

Кога сте во Explore табот на Instagram, најгоре има поле за пребарување. Овој директориум е каде сите профили на Instagram се достапни за пронаоѓање. Како и на Google, во оваа search поле може да напишете термин и да го пребарате целиот Instagram, без разлика дали барате корисници, хеш тагови или локација.

Како Instagram одлучува кои резултати да ги прикаже при Вашето пребарување? Според Instagram, резултатите од Вашето пребарување се базираат на многу фактори, вклучувајќи ги луѓето кои ги следите и кои слики и видеа ги лајкувате на Instagram. Исто така, се базираат и на клучни зборови (keywords).

При внесување на еден клучен збор на Instagram, како на примерот на сликата „social media scheduler“, Instagram ги сортира своите милиони акаунти за да ги пронајде најсоодветните резултати за она што го барате, поточно акаунтите кои го имаат овој клучен збор.

Земајќи го ова во обѕир, сосема возможно е да се појави Вашиот профил при пребарување од страна на корисниците со специфичен клучен збор во Instagram search-от. Сè што треба да направите е да откриете кои клучни зборови се најрелевантни за вас. Најдобар совет овде е да го имате тој клучен збор и во името на брендот/профилот и во самото корисничко име. Исто така, тој клучен збор треба да се појави и во Вашето bio, а супер корисно би било да вметнете и некој сличен хеш таг таму.

Совет 2: Третирајте ги Хеш Таговите како Клучни Зборови

Користењето на релевантни, таргетирани хеш тагови на Вашите објави и сториња е сеуште одличен начин да бидете откриени од нови публики на Instagram. Ова, секако, може да резултира во повеќе следбеници, повеќе акции на Вашиот профил и повеќе клиенти за Вашиот бизнис.

Вредноста на Instagram хеш таговите се едначи со клучните зборови за Google. Доколку се обидувате да ја ранкувате Вашата веб страна на пребарувачите со специфични клучни зборови (пример: „курсеви за програмирање“), потребно е да креирате содржина која е оптимизирана за тој специфичен клучен збор и да ја ставата на Вашиот блог или веб страна. Како во спротивно би Ве пронашле луѓето?

Истото важи и за Instagram хеш таговите. Доколку имате Instagram акаунт и додавате хеш тагови на Вашите објави, тој пост ќе биде видлив на соодветниот хеш таг при пребарување од страна на корисниците. Со оглед на тоа дека хеш таговите се користат со намера да се открива нова содржина, користењето на „правилни“ хеш тагови може да Ве направи достапни пред Вашата таргет публика, без разлика дали тие Ве познаваат од порано или не.

Не заборавајте. Овде е клучно да направите комплетно истражување на Instagram, односно да проверете Вашите конкуренти кои хеш тагови ги користат, кои хеш тагови се пребаруваат, а нема релевантни резултати, кои секојдневно се зголемуваат и се константно активни.

Совет 3: Пишувајте Описни Наслови

Иако Instagram објавите се достапни со пребарување само преку хеш тагови и тагови за локација, постојат други начини да ја зголемите видливоста на Вашата содржина на Instagram Explore страната – како на пример со пишување релевантни, описни наслови.

Исто како и Instagram feed-от кој го имате, Explore страната има свој алгоритам кој константно учи од Вашето однесување на апликацијата (акаунти кои ги следите и објави кои ги лајкувате и коментирате) за да одлучи во каква содржина најмногу уживате. Затоа Вашата Explore страна изгледа целосно различна од онаа на Вашиот најдобар другар – направена е специјално за Вас и Вашите интереси на Instagram.

Како ова е поврзано со описните наслови?

Неодамна Instagram објасни како користат машинско учење за да одлучат каква содржина да прикажата на Explore страната. Неизненадувачки воопшто, научивме дека при правењето сугестии за содржина на Explore, Instagram се фокусира на идентификување на „најрелевантните акаунти базирајќи се на индивидиуални интереси“, а не на пребарување на индивидуални објави.

Во други зборови, ако имате покажано интерес во курсеви за програмирање, Instagram ќе го прифати ова како знак да Ви прикаже повеќе содржина од акаунти кои често објавуваат за курсеви за програмирање. Доколку се прашувате како Instagram го знае ова, користи метод на машинско учење наречен “word embedding”. Во други зборови, Instagram гледа кои клучни зборови се користат на акаунтите за да сфати колку релевантни се едни со други. Освен клучни зборови, био, корисничко име и име на профилот, Instagram ги зема во обѕир и насловите кои ги пишувате на објавите.

Совет 4: Бидете Тагирани

Таговите од други корисници на Instagram е исто така одличен начин кој може да ја зголеми Вашата присутност и видливост. За разлика од другите методи, овој е најтежок метод, бидејќи е потешко да се здобие контрола врз тоа кој коментира, Ве спомнува и Ве тагира на слики. Кога ќе бидете тагирани во објава или стори, другите корисници ќе можат да кликнат на тагот и да дојдат до Вашиот профил.

Постојат неколку начини да си ги зголемите шансите да бидете тагирани во туѓи објави, но до сега најефективниот начин е да едноставно нудите одлична содржина која другите ќе сакаат да ја споделуваат. Еден популарен тренд на Instagram оваа година е објавување туѓи Instagram објави на стори. Објавите на тој начин стануваат стикери кои се кликаат, што директно води до оригиналната објава на Instagram.

Таговите и спомнувањата на Вашиот профил е исто така одличен начин за зголемување на самодовербата во водењето на Вашиот Instagram профил. Не само за Вас, туку и за Instagram: ова е силен сигнал дека тоа што го објавувате е сакано од корисниците.

Пристапувањето на Instagram SEO сериозно при оптимизација на Вашиот акаунт на Instagram може да има голем ефект. Колку подобро оптимизиран, толку полесно за пронаоѓање од таргет публиката и толку повеќе следбеници и толку повеќе верни клиенти. Освен тоа што овие четири совети важат за SEO-то за Instagram, тие се исто толку добри и при помагањето да бидете поорганизирани во стратегијата за објавување.