Тимот на SourceMX Academy направи кратко интервју со инструкторот на курсот “Како да станете Freelancer” Кристијан Арапов.

1. Најпрво да се запознаеме. Сподели нешто интересно за тебe, за твоите хобија и интереси и како дојде до идејата за овој курс

– Јас сум Кристијан исто така познат и по моето сценско име Chaky, имам повеќе хобија и едно од најомилените ми е музиката! Идејата за курсот се роди откако имав многу побарувања за приватни предавања или поставувања на онлајн профили на многу мои пријатели па решив едноставно да направам курс и полесно да им објаснам на сите како да станат фриленсери и да го избегнат канцелариското работно време.

2. Како одлучи да започнеш кариера како фриленсер?

– Летото 2017, работев (држев) 3 работни позиции и едноставно немав време за самиот себе. Не можев да посветам време на фамилијата и пријателите и ми беше преку глава од сè. Затоа одлучив да седнам и побарам работа на интернет. Од таму започна сè!

3. Какви беа твоите почетоци, дали имаше потешкотии да најдеш работа од старт?

– Секој старт е тежок. Да, се разбира дека имав потешкотии, но секогаш имав план Б. Работев како келнер и меѓувреме барав работа на интернет. Тој прелазен период траеше добри 10 месеци.

4. Дали може да наведеш некои проблеми со кои се соочи како фриленсер, дали и како успеа да ги надминеш ?

– Да, најтешко од сè ми беше менаџирањето со време. Во еден период на мојата фреленсинг кариера имав толку многу клиенти кадешто не можев да постигнам да ги завршам сите проекти навреме. Затоа во курсот ќе ја објаснам “PPP” – методологијата која ми помогна да го менаџирам своето време.

5. Што можеш да им дадеш како совет на сите нови фриленсери?

– Ако сакате полесно да се пробиете на пазарот, вреднувајте се себе си и нудете квалитетна услуга. Завршувајте ги дадените задачи навреме и потрудете се секогаш да работите со повеќе од 1 клиент!

6. Што да очекуваат учесниците на курсот “Како да станете Freelancer”?

– Слобода и повеќе време за себе! Ќе ги избегнете работните денови од Понеделник-Петок и работните часови 9-5. Ќе научите како да направите свој професионален онлајн профил и ќе можете да работите од каде сакате во светот!

Доколку сакате да започнете кариера како фриленсери или сакате да научите нешто повеќе за оваа дејност, пријавете се на курсот “Како да Станете Freelancer“, организиран од SourceMX Academy.