Како си поминавме на последната Front-End Академија
- декември 26, 2018
- Објавено од: tankicag
- Категорија: Front-End ,
На 30 јануари годинава ние ставаме крај на нашата Front-End академија. Изминатите два и пол месеци SourceMX Academy беше местото каде 8 млади луѓе ги научија основите и тајните на HTML, CSS и JavaScript.
Оваа година, тимот на SourceMX Academy воведе многу новитети и новости во начинот на работењето и организацијата на курсот. Еден од новитетите на последната Front-End академија беа квизовите. После секој час, учесниците добиваа задачи за дома кои беа разгледувани на наредниот час.
Домашните задачи на учесниците им беа испраќани во меил, а се изработуваа во Google Forms. Бидејќи нивните задачи беа предмет на оцена, резултатите беа внесени во Google Sheets и споделувани со учесниците. Алатките од Google значајно ни помогнаа во целата организација на овој курс и споделувањето информации со сите учесници. Користевме Google Docs и за време на работата на реалниот проект како најлесна и најефикасна алатка за тимска работа. Доколку сакате да научите како да ги имплементирате овие алатки во Вашиот бизнис или тим, наскоро одржуваме курс за Google Drive и Google Sheets во кој ќе може да ги совладате овие алатки.
Домашното беше спроведено во вид на квизови, кој покрај едукативна улога, имаа и натпреварувачки карактер. За еден од учесниците со најдобро изработени домашни задачи и сите други зададени предизвици следуваше награда. Тоа придонесе дополнително да ги мотивираме нашите учесници кои достојно одговорија на задачата.
Инструктор
За оваа академија, тимот на SourceMX Academy целосно им се довери на инструкторските вештини на Ристе Јанев.
Ристе Јанев е Web Developer со 10 годишно искуство во областа. Тој достојно се справи со задачата на инструктор. Покрај менторирањето на вештините зададени со програмата, тој успеа да ги запознае нашите учесници и со новитети од програмерскиот свет, како и важноста на работа во тим.
Што научивме
Првата недела од курсот беше резервирана за основите на HTML. Научивме што се HTML тагови, елементи и атрибути, а се запознавме и со HTML 5. Следните две недели предмет на изучување беше CSS. Научивме како да поврземе HTML и CSS документи, се запознавме со синтаксата на CSS, како да употребуваме бои и нивната важност во градењето на модерни веб срани. Изработивме интересни анимации користејќи CSS3.
Знаењето собрано од овие три недели го надградивме со изработка на веб страна со помош на нашиот гостин-инструктор, Милан Савов. Со помош на Милан, учесниците научија како се започнува со работа на реален проект, како оди целата организација на фајлови и документација, и како се прават плановите за на кој начин ќе биде структуирана една веб страна. Откако целосно изучиме HTML и CSS, учесниците добија задача да изработат уште една веб страна по исти терк како и претходната која ја изработија со помош на инструкторот. Од наша страна добија темплејт и CSS упатство, а нивна задача беше да ги постават елементите на вистинското место. Редовно ни испраќаа сработени делови од веб страната кои беа предмет на оцена. Се соочивме со навистина добро сработени веб страни, за некои од нив може да се каже дека беа изработени на доста професионално ниво со добро структруиран и разбирлив код кој содржи коментари. Таквите веб страни беа посебно вреднувани од наша страна.
Изненадување за нашите учесници и инструктори
Кога ја поминавме првата половина од курсот, решивме да ги изненадиме нашите учесници и инструктори со маички. Воедно ова беше и дополнителна мотивација за нашите учесници да останат достојни и да ги исполнат останатите 50% од курсот.
Најголемо вниманите на курсот посветивме на програмскиот јазик ЈavaScript, бидејќи на некои од учесниците оваа им беше прво искуство со програмирањето. Затоа ни беше важно секој да се стекне со освновните познавања за програмирањето и програмскте јазици во целост. Предмет на изучување во курсот беа и веб технологии како Ajax и jQuery како JavaScript библиотека.
Последната недела од курсот го изучивме Bootstrap front-end framework. Во овој дел, исто така започнавме со изработка на веб страна, но сега користејќи Bootstrap класи.
За крај, може да се пофалиме со една веб страна на која сите заедно ја работивме www.frontend18.sourcemx.co.
Силно веруваме дека овој курс им помогна на учесниците да научат како да изработуваат интерактивни, адаптибилни и веб страни со дизајн според најновите стандарди. Дополнително, можноста за работа на реален проект им даде шанса да се стекнет со искуство и знаење за развивање на веб страни од првичен дизајн (mock-up) до комплетна веб страна.
Како резултат на овој курс, нашите учесници се подготвени за кариера како Front-End девелопери.
Импресии на инстукторите
Ристе Јанев: “Курсот помина во пријатна атмосфера каде желбата за знаење и посветеноста на учесниците придонесе успешно да се совладат сите техники потребни за перспективен FrontEnd Web Developer. Истата посветеност при работа во совладувањето на задачите ќе придонесе кон развивање на сите потребни вештини да се стане успешен FrontEnd Web Developer.”
Милан Савов: “Ми беше задоволство да го пренесам моето техничко знаење и вештини за да се изработи еден практичен мини проект (HTML/CSS) и да го свртам вниманието кон оваа брзорастечка индустрија која во светот привлекува се повеќе кадар. Учесниците го дадоа својот максимум и според нивната ангажираност можев да забележам дека имаат потенцијал да работат во IT секторот. Еден од учесниците веќе започна и пракса во SmartClick.“
Импресии од учесниците
Иван Турновски
УЧЕСНИК НА FRONT-END АКАДЕМИЈАТА
“Курсот е добар за почетници но и за тие што имаат повеќе познавање но им е потребно усовршување. Менторот и сите членови на SourceMX беа професионални и на потребното ниво. Се стекнавме со знаење и вештини за изработка на модерна и целосно функционална веб страна.“
Фроска Стаматова
УЧЕСНИК НА FRONT-END АКАДЕМИЈАТА
“Како учесник на академијата за Front-end, сум презадоволна. Пред се од знаењата што ги стекнав, од начинот на одвивањето на истата која беше доста интерактивна. Исто така и од менторот.“
Горан Николов
УЧЕСНИК НА FRONT-END АКАДЕМИЈАТА
“Присуствувањето на курсот на Front-End академијата не само што ми помогна да ги направам првите чекори во програмирање, туку ми помогна да се стекнам со вештини и знаење неопходни за секој дигитален маркетер.“
Петре Глигоров
УЧЕСНИК НА FRONT-END АКАДЕМИЈАТА
“Може да се пофалам дека научив доста во однос на веб дизајн и веб програмирање, работи со кои досега се немав сретнато, а кои секако дека ќе имаат огромна улога во моето понатамошно развивање во оваа област.”