Кои се придобивките од учење на Python како програмски јазик – Направи правилен чекор кон ИТ индустријата
- ноември 22, 2022
- Објавено од: Ѓорги Митев
- Категорија: Full-Stack Програмирање Python
Python е прогласен за најбрзо растечки програмски јазик во светот, што значи дека доколку сакаш да започнеш кариера како програмер, познавањето на овој програмски јазик ти е најдобрата можност!
Зошто Python е еден од најкористените програмски јазици на денешницата? Дознај преку денешниот блог пост.
Во меѓувреме, во моментов се во тек апликациите на Академијата за програмирање со Python & Django на која уште само 4 учесници ќе можат да добијат 25% попуст! Побразј и биди ти меѓу нив!
Python е лесно разбирлив програмски јазик
Како програмски јазик е неверојатно лесен и интересен за учење, и може да служи како отскочна даска во други програмски јазици. Ако си апсолутен почетник и немаш претходно искусвто со кој било тип на јазик за кодирање, Python ќе можеш да го совладаш лесно и брзо, особено со помош и подршка од страна на нашиот инструктор Ненад Ристов. Python е во голема употреба од страна на многу компании, вклучувајќи огромни корпорации како Google, Instagram, Pinterest, Disney, Yahoo и многу други. Синтаксата на самиот јазик за разлика од многу други јазици на пазарот е доста едноставна и лесна за учење.
*Името го добил од Monty Python’s Flying Circus, па знаете дека неговиот креатор имал доста интерсна смлисла за хумор поради тоа го направил едноставен за користење.
Python има широка примена
Покрај тоа што е лесен за совладување, Python има голема примена. Постојат повеќе од 125,000 Python библиотеки кои овозможуваат да се користи за машинско учење, веб процесирање па дури и за биологија. Исто така постојат голем број на библиотеки на податоци што го прават неверојатно способен за обработка, манипулирање и визуелизација на истите. Поради тој факт претставува еден од омилените јазици на дата аналитичарите и е познат како “Swiss Army Knife” на програмските јазици.
Благодарение на карактеристиките на Python и неговата флексибинлост, овој програмски јазик денес е дел од:
- Банки и финансиски компании
- Научно и математичко пресметување
- Веб девелопирање
- Компјутерски графики
- IT Безбедност
- Девелопирање на игри
- Обработка на мапи
Голема Python заедница на која може да се приклучи секој
Милиони програмери работат со овој програмски јазик на дневна основа и продолжуваат да ја подобруваат неговата основна функционалност. Сето тоа претставува одличен начин за поврзување со други програмери и постојан раст на самата Python заедница.