• Пон - Пет 9:00 - 17:00
  • Тоше Проевски 8, 2400 Струмица, Македонија
  • +389 77 648 049
SMX
0
0 курсеви 0,00ден
  • Data Analysis
  • Академии
    • Академија за веб програмирање
    • Академија за Data Analysis со Python, SQL & Power BI
    • Академија за Salesforce Administrator
    • Академија за програмирање со Python & Django
    • Академија за програмирање со .NET
  • Bootcamps
    • Content Marketing Bootcamp
    • HR & IT Recruitment Bootcamp
    • Видео Монтажа Bootcamp
  • Курсеви
    • Активни Курсеви
    • Неактивни курсеви
  • Вебинари
    • Вебинар за развивање веб апликации со Python
    • Вебинар за Data Analysis
    • Вебинар за Fullstack WordPress Development
    • Вебинар за Salesforce и Salesforce Admin
    • Вебинар за Fullstack Web Development
  • Блог
  • Регистрирај се
0
0 курсеви 0,00ден
Најава
  • Data Analysis
  • Академии
    • Академија за веб програмирање
    • Академија за Data Analysis со Python, SQL & Power BI
    • Академија за Salesforce Administrator
    • Академија за програмирање со Python & Django
    • Академија за програмирање со .NET
  • Bootcamps
    • Content Marketing Bootcamp
    • HR & IT Recruitment Bootcamp
    • Видео Монтажа Bootcamp
  • Курсеви
    • Активни Курсеви
    • Неактивни курсеви
  • Вебинари
    • Вебинар за развивање веб апликации со Python
    • Вебинар за Data Analysis
    • Вебинар за Fullstack WordPress Development
    • Вебинар за Salesforce и Salesforce Admin
    • Вебинар за Fullstack Web Development
  • Блог

Која е улогата на Power BI аналитичар во една компанија?

  • август 26, 2022
  • Објавено од: Глигор Ризов
  • Категорија: Data Analysis Бизнис
Нема коментари

Business Intelligence стана многу важно средство за сите модерни организации. Секој бизнис собира големи количини на податоци за секојдневните операции. Анализирањето на овие податоци може да направи значителна разлика во резултатите од одлуките кои се засновани на нив. Токму затоа, Business Intelligence и работните места во оваа област се многу барани и се во постојан раст. Во овој блог ќе научиме за Power BI и работните функции на еден специјалист во компанијата.

Што е Power BI и каде се користи?

Power BI е интерактивен софтвер за визуелизација на податоци. Претставва збирка на процеси, архитектури и технологии кои ги трансформираат не-обработените податоци во значајна и информативна содржина што помага да се поттикнат профитабилни деловни активности. Помага за донесување одлуки засновани на факти и логика преку анализа на историски податоци наместо претпоставки. 

Во кои индустрии се користи Power BI?

  • Банкарство

Со инкорпорирање на Power BI во нивните работни текови за управување со податоци, банкарските институции можат подобро да ги разберат клиентите, да лоцираат нови дигитални можности и да интегрираат силоси за податоци од различни апликации и услуги. Ова не само што им помага на банките да работат со билансите и да го следат профитот и загубата, туку и да го подобрат корисничкото искуство.

  • Производство

Power BI им овозможува на бизнисите да ги трансформираат податоците во функционални прегледи во врска со производството, продажбата, безбедноста и приходите. Покрај тоа, аналитиката и визуелизацијата на податоците од сензорите во производствените капацитети помагаат да се предвидат проблеми со хардверот и да се спречат прекини и пречки во производството.

  • Малопродажба и е-трговија

Компаниите за малопродажба и е-трговија треба да менаџираат со големи количини на информации, од податоци за добавувачите и детали за залихите, до однесувањето на клиентите, како и односите и перформансите на вработените. Во малопродажбата, Power BI може да ги рационализира процесите за управување со податоци и да им помогне на трговците ефективно да ги анализираат истите и да добијат реални и тековни прегледи од потрошувачите.

Кои се Power BI аналитичари и која е нивната улогата во компанијата?

Power BI аналитичарот целосно ги владее функционалностите на алатката на Microsoft, вклучувајќи моделирање податоци, DAX, Power Query и многу други. Преку овие функционалности, аналитичарите можат да импортираат, чистат, манипулираат, анализираат и визуализираат податоци кои компаниите ги користат потоа за добивање што поквалитетни информации за нивните различни бизнис процеси. Аналитичарите во суштина, ги дизајнираат, развиваат и ги распоредуваат податоците во контролни табли наречени dashboards.

Без придонесот на Power BI аналитичарите, бизнисите ризикуваат да работат со неточни информации или некомплетни извештаи кои може да резултираат во многу посериозни последици. Со помош на аналитичарите, податоците добиваат поголемо значење и се претставени во формат кој е разбирлив за секој со основно познавање на финансии или читање извештаи. 

Како да станеш Microsoft Certified: Power BI Data Analyst Associate

Во SMX организираме комплетна обука за Power BI, со времетраење од 3 месеци. Курсот ве води од ниво на почетник до некој кој може да започне да аплицира за работа како Power BI Data Analyst.

Преку нашата академија за Power BI, ќе имаш можност да работиш со инструктор кој е максимално посветен да се постигне и разбере материјалот за нашите учесници на крајот од програмата да се подготвени да го започнат тестирањето од Microsoft и по комплетирање, да добијат официјален сертификат. Имаме алоцирано само неколку слободни места и сме во можност да прифатиме само одреден број на кандидати.

Прочитај повеќе и пријави се  ОВДЕ !

За Нас

Локалис Трејд ДООЕЛ
ул. Младинска 230, 2400 Струмица
ДБ: 4027015522348 ЕМБС: 7031351
Жиро сметка: 210070313510133

Линкови

  • Политика за приватност
  • Политика на враќање на средства

Поддржано од

© SMX 2022
Пребарување
Cleantalk Pixel