Најчесто поставувани прашања – (Летен курс) Google Ads со Анѓела Манчевска
- мај 30, 2023
- Објавено од: Hristina Kolova
- Категорија: Инструктори
1. Кое е твоето практично искуство со Google Ads?
Моето искуство се состои од 5 годишен развој низ разни индустрии, разни маркети (пазари) и прогресирање на Google реклами. Во текот на минатите години имав можност да работам за производи од Швајцарија, Англија, Македонија и последно, Америка. Со тоа добив шанса да искусам различни пазари, различни индустрии и различен тип на реклами со најразновидни стратегии. Во моментов сум вработена во компанија во која го применувам целото знаење и искуство. Целта за мене е да го споделам моето знаење со луѓе кои имаат потреба со цел да го уновчат во иднина.
2. Што ќе се учи за време на курсот?
За време на курсот ќе се научат основите на рекламите, нивно креирање, менаџирање и оптимизирање со осврт кон текст реклами.
3. Како ќе се одвива наставата и дали студентите ќе имаат можност преку практични примени да го совладаат материјалот?
Наставата ќе се одвива во текот на шест дена, по два часа. Идејата е да се научат основите со дел практична примена. Студентите ќе имаат шанса да работат во нивен Google ads account и со тоа да имаат практична употреба на севкупното знаење.
4. Наведи 3 причини зошто некој треба да учи курс за Google Ads во SMX?
- Нудат одлични курсеви.
- Постојана еволуција на Google рекламите.
- Предизвикувачка работна позиција со можност за раст и развој.
5. За кого е наменет овој курс? За почетници или и за оние кои имаат претходно познавање?
Наменет е за двата типа на публика со оглед на тоа што има постојани промени во ова поле на интерес. Тие што имаат претходно познавање ќе можат да се потсетат и да го зацврстат знаењето додека почетниците ќе имаат шанса да го научат и тестираат Google ads account – от.
6. Твоја препорака до сите идни учесници?
Доколку навистина се пронајдете во ова поле, продолжете да учите и да се надградувате со знаење – на крајот инвестицијата ќе биде повратна.
Уписите за курсот за Google Ads се во тек! Зачувај си место тука.