Академија за Salesforce Administrator

Почеток: 23-ти декември

Времетраење: 3 месеци

Цена: 450 ЕВРА ДО 10.12 ЗА УШТЕ 2 МЕСТА (плаќање на рати без камата)

РЕГУЛАРНА ЦЕНА: 600 ЕУР

Официјален сертификат од Salesforce

Настава: Онлајн (Zoom)

Стани сертифициран Salesforce Administrator

Ние ќе ти помогнеме преку нашата повеќемесечна програма за совладување на целиот материјал потребен да се здобиеш со официјален сертификат од Salesforce.

Пополни ја кратката форма и нашиот тим ќе те контактира наскоро.
Доколку имаш прашања и консултации, кликни на копчето Контактирај не за телефонски повик.

Што е Salesforce

Salesforce е најголемата платформа во светот за Customer relationship management (CRM) или систем за водење евиденција на клиенти и корисници. Salesforce е всушнот cloud базирана платформа која на бизнисите им овозможува користење на алатки кои може да им помогнат за наоѓање нови контакти, да направат повеќе продажби и да имаат подобра услуга за корисниците/клиентите. Преку овој софтвер, компаниите можат да ги следат сите активности во текот на целиот процес на продажба и задржување на потрошувачите.

Зошто да учите и работите со Salesforce

Salesforce е лидер на пазарот за CRM во светски рамки, што значи огромен број компании го користат нивниот софтвер и алатки, а се повеќе и само што започнуваат. 

Зголемена побарувачка на професионалци

Salesforce платформата доминира на светскиот пазар со над 150.000 компании како клиенти, од мали бизниси до големи компании како Google & Facebook. Најразлични индустрии го воведоа Salesforce како главен CRM за нивните секојдневни процеси и работни задачи. Работните позиции во оваа област се зголемуваат секојдневно, а оваа Академија има за цел целосно да те подготви за да започнеш со работа веднаш.

Remote work (работа од било која локација)

Бидејќи самата платформа е cloud базирана, ова значи дека вашите обврски можете да ги завршувате онлајн од било која локација. Иако се повеќе компании во Македонија почнуваат да користат Salesforce, многу странски компании се повеќе бараат професионалци во оваа област од Македонија, за што сведочат бројните огласи за вработување периодов.

Светски признат сертификат

Целиот процес на тестирање и сертифицирање се одвива преку самиот Salesforce, што овозможува сертификатот да биде признаен насекаде низ светот и да ви отвори многу врати. Сертификатот може да го прикажете во вашето CV или преку онлајн платформите за работа како Upwork, Fiver или LinkedIn, што ќе биде потврда за вашето знаење од работните обврски во Salesforce.

Зошто компаниите вработуваат Salesforce Admins

Полесно организирање и распоредување на податоците

Дефинирање на бизнис цели и креирање релевантни прегледи и извештаи

Подобрување на работните процеси, автоматизации и задачи

Оптимизирање на работата и заштеда преку подобро поставени системи

Запознај го инструкторот

Мојата безвременска љубов со Salesforce започна пред околу 4 години. Тогаш не верував дека некогаш ќе работам со бројки или дата. Меѓутоа еве сме, после 4 години се случува токму тоа. Голем дел од мојата професионална поврзаност со Salesforce ја поминав како end-user. Благодарение на тој период добив уникатен увид во тоа како би изгледала идеалната (или блиску до тоа) конфигурација на Salesforce што дозволува лесна примена од корисниците меѓутоа во исто време одговара на бизнис потребите на компанијата.

Мишел Наумоски

Salesforce admin & Revenue Operation Analyst

Изминатите две години работам повеќе на аналитичката страна воглавно како Sales Operations Analyst и од пред 8 месеци како Revenue Operations Analyst. Работата како Salesforce администратор е еден нов предизвик за мене бидејќи конечно ме става од другата страна на паричката. Сега веќе сум во можност онаа user-based идеална конфигурација на Salesforce да ја направам самиот. Тоа е најкреативниот можен аспект за секој Salesforce админ. Буквало ги имате сите алатки, без никакво кодирање за да креирате една моќна алатка која овозможува раст на компаниите, но во исто време не ги оптоварува корисниците со непотребни кликови.

ЗА НАС

Како тим составен од млади лица полни со енергија и ентузијазам за учење и растење, ние во SMX Academy се стремиме да обезбедиме професионална обука за сите поединци кои сакаат да се стекнат со нови или да ги унапредат своите основни знаења и вештини од сферата на бизнис, маркетинг и ИТ индустријата.

Што имаме постигнато

0
години постоење
0 +
курсеви организирано
0 +
учесници
0
компании со кои соработуваме

Што велат нашите учесници

Што по завршување на академијата во SMX

Сертификат за успешно завршена академија

Видеа и задачи од сите предавања

Додавање во платформата на SMX

Кои се обврските на Salesforce Admin

Помош на корисниците при добивање пристап до платформата

Одржување на податоците и нивно прочистување

Документирање на сите процеси

Обезбедување соодветни дозволи до податоци и извештаи

Зошто академија за Salesforce во SMX?

Искуството што го стекнавме со организирање на над 180 курсеви и обуки, со над 2000 учесници, ни овозможи да знаеме што е најважно кога организираме програми и што точно бараат учесниците.

Нашиот тим подолго време е во процесот на подготвување на најпрвин кратки курсеви во областа на продажба и бизнис алатки. Сега преминавме кон изготвување комплетно решение за сите кои сакаат да направат сериозна надградба на нивната кариера.

Ѓорги

Координатор на програмата

Преку нашата академија за Salesforce Administrator, ќе имаш можност да работиш со инструктор кои е максимално посветен да се постигне и разбере материјалот. Нашите учесници на крајот од програмата ќе ја стекнат потребната самодоверба и знаење за да можат подлабоко да навлезат во светот на Salesforce.

Програмата што ја нудиме е интензивна, и соодветна да ти помогне да се стекнеш со сите потребни вештини на еден SalesForce администратор, и да го совладаш сертификациониот процес во Salesforce за стекнување со официјален сертификат.

Менаџирање на корисници

Креирање на бизнис процеси

Автоматизација

Конфигурација на Sales Cloud и Service cloud

Пријавување

За да аплицирате на овој курс, потребно е да ја пополните кратката форма со кликање на копчето АПЛИЦИРАЈ, или директно да не контактирате на телефонскиот број 077 648 049.

Штом ја добиеме вашата апликација, нашиот тим непосредно после тоа, ќе ве контактира телефонски, преку Viber или email каде ќе ги покриеме сите најважни точки кои ве интересираат за приклучување кон групата и започнување со курсот.

ПЛАЌАЊЕ

  • Плаќање на рати без камата преку NLB Банка
  • Плаќање на рати без камата со кредитна картичка на NLB Банка 
  • Плаќање на целосен износ директно на сметка на нашата компанија

НЕКОЛКУ ВАЖНИ ТОЧКИ:

Почеток:

23.12.2022

Времетраење:

3 месеци

Распоред:

два пати неделно, вторник и четврток 18.30 до 20.30

Цена:

450 ЕУР до 15.12 (плаќање на рати без камата)

– Course Intro
– Configuration and setup intro
– Setting up organizations
– Currency management
– User Creation
– User management
– Security and access intro
– Permissions
– Team Access
– Creating custom objects
– Master-Detail relationships
– Page layout customization
– Manipulating fields
– Lists
– Business processes
– Objects
– Sales and Marketing applications Intro
– Lead conversion
– Forecasting
– Salesforce CRM content
– Support processes
– Productivity and collaboration intro
– Chat with customers
– Data and analytics management
– Data export
– Data vs Metadata
– Flows
– Salesforce admin certification exam guide
– Final thoughts and next steps