Q&A со Мишел Наумоски, инструктор на Академијата за Salesforce Administrator
- ноември 11, 2022
- Објавено од: Hristina Kolova
- Категорија: Salesforce Инструктори
Дали знаеше дека алатката Salesforce е се повеќе употребувана од многу компании низ светот, вклучувајќи ја и Coca-Cola за менаџирање на односите со клиентите?
Што е Salesforce?
Salesforce е алатка за Customer relationship management (CRM) и маркетинг автоматизација.
Доколку работиш во ИТ индустријата или пак се занимаваш со менаџирање на клиенти, а бараш начин како професионало да се надоградиш, тогаш Академијата за Salesforce Administrator во SMX е вистинската можност за тебе! Уписите се во тек, како и Early Bird понудата. Дознај повеќе тука.
Денес разговараме со Мишел Наумоски, инструктор на Академијата за Salesforce, кој подобро ќе те запознае со Salesforce, и даде одговори од своето досегашно работно искуство кои можат да ти помогнат при донесување на ваква важна кариерна одлука.
- Што претставува Salesforce за тебе?
Salesforce е веројатно причината поради која почнав да се интересирам за дата и за бројки, анализа…Воедно добро влијае на самодовербата. Зошто? Затоа што ми дозволува да бидам креативен, да истражувам, да добијам подлабоко сознание за тоа каков перформанс има бизнисот, каков перформанс имаат тимовите. Тоа ми ја дава способноста да давам бизнис препораки кои ќе придонесат за подобрување на истите. Како администратор пак, ми ја дава можноста да ја обликувам структурата на оваа моќна алатка да го поддржува бизнисот и бизнис потребите, а воедно и да биде лесен за користење за крајните корисници.
- Опиши ја накратко твојата работна позиција како Salesforce admin (Revenue Operations Analyst).
Како Revenue Operations Analyst воглавно се обидувам преку репортинг можностите кои ги дава Salesforce, да анализирам како функционираат тимовите, особено Sales тимовите, да разберам што функционира како што треба, а на што треба повеќе да се работи, ги анализирам можностите за подобрување на перформансите на Sales тимовите и бизнисот во целина. Она што е веројатно најголем предизвик е од тие бројки, од тие анализи, да произлезат call to action заклучоци што би придонеле за неаква позитивна промена.
- Што најмногу те привлече да се вклучиш во SMX како инструктор за Salesforce?
Веројатно што дечките од SMX беа исклучително непосредни со мене, од првиот момент кога стапивме во контакт. И во приватниот, и во професионалниот дел од мојот живот никогаш не прифаќам предизвици каде не чувствувам никаква хемија. Со SMX таа хемија ја почувствував уште од првиот контакт, бевме апсолутно на иста бранова должина за сите теми кои ги дискутиравме и тогаш едноставно знаев дека ако се приклучам на овој супер-тим, со сигурност ќе уживам во овој нов предизвик.
- Кој би бил најголемиот предизвик со кој ќе се соочат учесниците на академијата?
Ако доаѓате во допир со Salesforce за прв пат или не сте го користеле претходно, знае да биде малку визуелно оптоварувачки, многу информации истовремено. Буквално за сите корисници со кои сум разговарал, првиот впечаток бил дека ова е една исклучително сложена алатка. Ама без гајле, штом почнете редовно да ја користите, ветувам дека не само што нема да ви изгледа сложено туку и гарантирано ќе се забавувате додека работите. Верувајте, го користам Salesforce повеќе од 5 години, штом видите што се може да направите со Salesforce, ништо веќе нема да ви изгледа сложено.
- Дали имаш некои tips & tricks за учесниците?
Tips & Tricks…хмм….Слушајте го вашиот Salesforce инструктор . Бидете фокусирани но релаксирани, ќе научиме многу. Најважно од се е да пробате да се забавувате. Учењето е најлесно кога се забавувате!
ВАЖНО: Академијата е наменета за секого, вклучувајќи и апсолутни почетници! Дознај повеќе за целосната програма на следниов линк.