Христина има повеќе од 9 години искуство во дигиталниот маркетинг, работејќи со компании и претприемачи во Македонија и странство. Била Head of Marketing, консултант и медија баер, со практично искуство во водење кампањи, управување со ад акаунти и развивање стратегии кои носат мерливи резултати.
Нејзината експертиза е во визуелната комуникација и дизајнот, каде Canva ја користи како алатка што овозможува и на професионалци и на почетници да создаваат материјали со висок квалитет. На курсот ќе пренесе практични методи за градење на бренд идентитет, креирање објави и видеа кои можат веднаш да се применат во секојдневното работење.