Курс за Microsoft Power BI
Научи како да трансформираш податоци во моќни извештаи и презентации
Почеток: 17-ти јули
Времетраење: 6 дена
Цена: 3800 денари
Ниво: почетник
Настава: Онлајн (Zoom)
Пополни ја кратката форма и нашиот тим ќе те контактира наскоро.
Доколку имаш прашања и консултации, кликни на копчето Контактирај не за телефонски повик.
Што е Business Intelligence и Power BI?
Зошто Power BI?
Курс за Microsoft Power BI
Што е Business Intelligence и Power BI?
Business Intelligence е процес на трансформација на необработени податоци во информации и знаење кои помагаат при носење на деловни одлуки. Power BI е платформа во сопственост на Microsoft која се состои од пакет алатки кои го прават процесот на Business Intelligence брз и лесен, благодарение на интелигентни и автоматизира извештаи.
Зошто Power BI?
Преку Power BI, корисниците имаат можност да прават собирање, визуелизација, анализа и прочистување на податоци, и истите да ги претворат во табели и графикони кои можат да ги споделат со останатите корисници на Power BI во нивната организација.
Извештаите изработени со помош на Power BI помагаат на организациите за вршење увид во реално време околу тоа дали одделите ги исполнуваат деловните метрики, но исто така можат да помогнат и во прогнозирање за исполнување на метриките за периоди во иднина.
Курс за Microsoft Power BI
На овој курс ќе научите како самостојно или во соработка со колегите, да собирате податоци од различни извори, да ги организирате и презентирате на модерен, интерактивен и визуелно привлечен начин, достапен на повеќе уреди (компјутер, таблет, мобилен телефон).
Ако сакате аналитика, сакате да извлекувате корисни информации од огромен број на податоци, да ги споделувате со колегите и да им помагате на менаџерите во напредување на бизнисот, тогаш ова е вистинскиот курс за вас.
Запознај го инструкторот:

Teодора Живковиќ - Data Analyst
Инструктор на курсот за Power BI е Теодора Живковиќ, која е дипломиран економист во областа на финансии и финансиски менаџмент и веќе скоро 8 години работи како aналитичар на финансии и податоци. Теодора има големо познавање и искуство со MS Power BI, SQL, Python, машинско учење и напреден Excel.

SMX - ЗА НАС
Како тим составен од млади лица полни со енергија и ентузијазам за учење и растење, ние во SMX Academy се стремиме да обезбедиме професионална обука за сите поединци кои сакаат да се стекнат со нови или да ги унапредат своите основни знаења и вештини од сферата на бизнис, маркетинг и ИТ индустријата.
Глигор Ризов

Ѓорги Митев

Игор Спасовски

Александра Витанова

Ана Стоилкова

Ивана Данилова

Теодора Дузлеска

Росана Костадинова

Previous
Next
Што имаме постигнато
0
години постоење
0
+
курсеви организирано
0
+
учесници
0
компании со кои соработуваме
Што велат нашите учесници
Одлична организација, услови и инструктори кои одлично го пренесуваат нивното знаење и искуство. Среќен сум што сум дел од оваа академија.

Прекрасно искуство, ми се отворија нови видици и препорачувам секој што сака да го надгради своето знаење или размислува за нова кариера без колебање да ги посети курсевите на SourceMX Academy. Поздрав дечки, прекрасни сте!

Благодарност и на вас и вашиот тим кој неизмерно ни даде нови знаења кои во иднина ќе ни бидат корисни за наши успеси, секако ќе следиме и наредни ваши курсеви, благодарност и на предавачот Глигор Ризов за трпеливоста и умешноста, за сите предавања кои беа со голема претпазливост и разбирливост од негова страна

"На овој курс научив многу за Premiere Pro и тоа ќе ми биде од голема важност професионално, но и на личен план. Инструкторот Владимир е експерт во тоа што го работи, а неговото знаење знае одлично да го пренесе на студентите. Секогаш ги поддржувам луѓето кои инвестираат во себе и сакаат да научат нешто ново, бидејќи само на тој начин можеме да стигнеме до целта."

Јас ги посетував курсевите за програмирање со С++ и Python и ви ги препорачувам SourceMX Academy поради внимателно креирана и адаптирана програма; професионални инструктори кои трпеливо ги разјаснија и најситните детали; совршен баланс помеѓу новите работи и вежбите. Се гледаме на некој нов програмски предизвик во SourceMX Academy.

Благодарност голема до тимот на Source MX Academy за постојаната (техничка) поддршка; пред, за време на и по завршување на курсот. Задоволството е мое што бев дел од групата, а во таа насока - пофални зборови и за предавачот Ана. Исто така би сакала да го пофалам и софистицираниот систем на онлајн плаќање за курсевите, што сериозно го олеснува процесот на пријавување. Сигурно ќе се дружиме и во иднина, а дотогаш - поздрав и секое добро!

Ви благодарам за одвоеното време и добрата организација околу курсот. Секако, голема благодарност и до инструкторката Ева за прекрасното и професионално предавање. Курсот беше изведен одлично и баш како што Очекував. Презадоволен сум и ми помогна да започнам едукација во Сосема нова гранка и професија, која се надевам ќе ја користам во иднина и ќе се надоградувам. Уште еднаш голема благодарност до целиот тим!

Презадоволна од обуката за основи на Python. Предавачот е професионален, и пристапен за прашања. Материјалот е одлично избран и темите се практични. Сигурно ќе посетувам обука од SourceMX повторно.

Вистинско задоволство беше да се учи и соработува со професионален тим кој е секогаш спремен да ви помогне и објасни, особено инструкторот Ненад кој беше задолжен за Python курсот. Кога би ме прашале зошто би ги избрал SourceMX, мојот прв одговор би бил затоа што се изучуваат курсевите на начин кој не е само теоретски, туку се работи на примери и проекти кои би не спремиле за практична работа која всушност е најбитна Во нашата кариера како идни програмери.

Previous
Next
Што по завршување на курс во SMX
Сертификат за успешно завршен курс
Видеа и задачи од сите предавања
Додавање во платформата на SMX
Што ќе научиш
Кои извори на податоци може да ги поврзувате со помош на Power BI?
За кој е наменет овој курс
Почетници што сакаат да започнат да се занимаваат со аналитика на податоци;
Луѓе кои веќе работат со податоци и Business Intelligence и сакаат да започнат со управување со аналитиката преку Power BI;
Вработени и менаџери кои работат со извештаи и сакаат да научат како визуелно да ги претставуваат податоците;
Пријавување
За да аплицирате на овој курс, потребно е да ја пополните кратката форма со кликање на копчето АПЛИЦИРАЈ, или директно да не контактирате на телефонскиот број 077 648 049.
Штом ја добиеме вашата апликација, нашиот тим непосредно после тоа, ќе ве контактира телефонски, преку Viber или email каде ќе ги покриеме сите најважни точки кои ве интересираат за приклучување кон групата и започнување со курсот.
НЕКОЛКУ ВАЖНИ ТОЧКИ:
Почеток:
17.07.2023
Времетраење:
6 дена
Распоред:
2 недели (понеделник, среда и петок)
Цена:
3800 денари