SEO Bootcamp

Учи SEO 2 месеци И работи 1 месец во специјализиран SEO софтвер на реални проекти

Почеток: 7ми март | Распоред: Вторник и четврток (11.00 - 13.00)

Времетраење: 2 месеци учење + 1 месец работа на реални проекти

Официјална соработка за реални проекти со SEO маркетинг агенција Megantic

Стандардна цена: 600 ЕУР | Цена со 25% попуст - 450 ЕУР (плаќање на рати без камата)

ДОБИЈ 25% ПОПУСТ - Аплицирај, одговори на прашањата од тестирањето и добиј шанса за 25% попуст

Настава: Онлајн (Zoom)

Секој студент ќе учи од искусни ментори директно од тимот на Megantic

Пополни ја кратката форма и нашиот тим ќе ти испрати меил со повеќе информации и пристап до тестирањето преку кое можеш да добиеш 25% попуст.
Доколку имаш прашања и консултации, кликни на копчето Контактирај не за телефонски повик.

Или веднаш резервирај го твоето место со уплата на прва рата!

Зошто Bootcamp за SEO?

Специјално креирана програма

Квалитетот на една едукативна програма не е секогаш дефиниран од времетраењето. Ова значи дека фактори како: добра организираност од страна на едукативниот центар, искусни и посветени ментори, и можност за работење на реален проект каде ќе се изреализира наученото, е клучот до УСПЕШНО КОМПЛЕТИРАНА ЕДУКАЦИЈА.

Работа на реални проекти со SEO агенција Megantic

Преку специјално креираната програма од тимот на Megantic, ќе имате можност да го научите севкупниот процес на SEO, не само преку предавања, туку и преку практични примери и проекти. Затоа, одвоивме 1 месец работа на реални проекти преку специјален софтвер развиен од Megantic агенцијата.

Голема побарувачка на пазарот

SEO или Search Engine Optimization е една од најбараните вештини во 2024 година. Способноста да разберете како функционираат пребарувачите и како може да ги искористите за подобро рангирање на веб страните со што би носеле и подобри резултати, значи дека многу компании високо ја вреднуваат таа професија.

Што е SEO?

Во дигиталниот свет, терминот SEO или Search Engine Optimization е веќе многу години застапен и популарен. Но, што е всушност SEO и зошто е толку барана вештина? 

SEO е процес на подобрување на рангирањето на една веб страна во самите пребарувачи. Односно, ја зголемува видливоста на веб страната, што повеќе корисници да ја забележат и да кликнат на неа, со што се зголемува сообраќајот, а со тоа се зголемуваат и можностите за зголемување на продажбата и бизнисот. Главната цел на оптимизирањето е да ја постави веб страната што повисоко кај пребарувачите (Google, Bing) но особено е важно тоа да биде направено според потребите на веб страната, односно како веб страната да биде високо рангирана кај вистинските корисници, не кај погрешните.

Токму затоа, бизнисите се повеќе ја знаат вредноста на високото рангирање и можностите што ги отвара тоа, па се повеќе инвестираат во професионалци кои можат тоа да го направат.

За кого е наменет овој Bootcamp за SEO?

Програмата што ја креиравме е наменета за секој што нема претходно искуство со SEO или со дигитален маркетинг, а сепак ќе може лесно да се вклучи, да го следи материјалот и да го разбере. Почетната точка за сите учесници ќе биде иста и ќе го израмниме новото на знаење со цел сите учесници да ја постигнат целта да го совладаат материјалот.

Овој SEO Bootcamp е наменет за секој што сака да ја совлада една од најбараните дигитални вештини, секој што веќе работи во дигитален маркетинг и сака да се надогради со знаење во област, секој што има сопствена веб страна и сака да научи како подобро да ја рангира и да добие подобри резултати.

Што да очекуваш од овој Bootcamp?

Ќе се стекнеш со комплетно знаење за правилна SEO оптимизација

Интерактивни предавања кои ќе ги следиш онлајн во ЖИВО или преку СНИМКИ после секое предавање

Ќе ги научиш тајните на On-site SEO & Off-site SEO

Ќе учиш од искусни ментори

Ќе се запознаеш со специјализиран софтвер изработен од Megantic

Можност за вработување во Megantic каде ќе можеш да го примениш стекнатото знаење

Што ќе научиш

Што е SEO, основи на SEO / SERP

Структура на веб страна

Што се Meta Tags, Header Tags

Наоѓање и избирање релевантни клучни зборови

Градење на линкови

Што се Backlinks и како се користат

Стратегии за блог постирање

Што е локално SEO

Анализирање и подготвување извештаи

Програма

Недела 1

Основи на SEO / SERP
Website Types

Недела 2

Website Structure
Webpage Templates

Недела 3

Importance of Meta Tags, Header Tags
Identify Relevant Keywords

Недела 4

Keyword Research Tools
Search Intent

Недела 5

Internal Links
Image optimization

Недела 6

Backlink Profile
Social Media

Недела 7

Blog Posting Platforms
Strategies for Building High-Quality Blogs

Недела 8

Blog Posting Process
Local SEO

Недела 9

Forums, Q&A Platforms
Video posting Platforms

Недела 10

Analysing and Reporting / Google Search Console

Работа на реални проекти

Со цел Bootcamp-от за SEO да биде целосен, SMX ја продолжува повеќегодишната соработка со SEO агенцијата Megantic, која веќе трета година несебично се става на располагање за учесниците на курсевите за SEO и тимот на SMX. Освен главните инструктори на овој bootcamp, Љубица и Иван, на располагање ќе бидат и останати ескперти од тимот на Megantic со цел да се покрие материјалот детално и квалитетно. Преку оваа соработка, учесниците на bootcamp-от ќе имаат уникатна шанса да се запознаат со специјализираниот софтвер за работа во SEO кој го има изградено самата компанија и им овозможува да постигнат многу добри резултати за нивните интернационални клиенти. Ова е можност за сите учесници да научат како се практикува SEO за странски клиенти и како изгледа целиот процес.

По завршување на материјалот со предавањата од 2 месеци, следува 1 месец работа на реални проекти кои мора да бидат комплетирани за да се добие сертификат за успешно комплетирање на SEO Bootcamp.

Доколку имаш прашања и консултации, кликни на копчето Контактирај не за телефонски повик, или испрати ни порака на вибер!

Или веднаш резервирај го твоето место со уплата на прва рата!

Запознај ги инструкторите

Љубица Донкова

Search Visibility Specialist & Едукатор во Megantic

Едукатор во тимот Link Development и на Практиканти во Megantic. Ентузијаст за разбирање на моќта на SEO и неговото трансформативно влијание. Креативeн eдукативен пристап, охрабрувајќи истражувања на иновативни стратегии во сферата на Link Building која постојано се развива.

Иван Божинов

 Keyword Research Specialist во Megantic

Keyword Research Specialist во Megantic. Повеќе годишно искуство вo областа на дигиталниот маркетинг и оптимизацијата на веб-страни (SEO). Креирање идеална структура на веб-страна и пребарување клучни зборови. Користење на Google Analytics, Google Search console, Trends, Semrush , CMS-Platforms

Пријавување

НЕКОЛКУ ВАЖНИ ТОЧКИ:

Почеток: 7ми март


Времетрање: 2 месеци + 1 месец работа на реален проект;


Распоред:  вторник и четврток (11.00-13.00);


Цена: 
600 ЕУР | Цена со 25% попуст – 450 ЕУР (плаќање на рати без камата)

За да аплицирате на овој Bootcamp, потребно е да ја пополните кратката форма со кликање на копчето АПЛИЦИРАЈ, или директно да не контактирате на телефонскиот број 075 407 446.

Штом ја добиеме вашата апликација, нашиот тим непосредно после тоа, ќе ве контактира телефонски, преку Viber или email каде ќе ги покриеме сите најважни точки кои ве интересираат за приклучување кон групата и започнување со наставата.