Q&A со Викторија Василева, учесничка на курсот за SEO (Вработена во SEO компанијата Megantic по завршување на курсот)

Успешната приказна на Викторија за нејзината новозапочната кариера во светот на SEO специјалисти, е уште еден бисер нанижан од ѓерданот кој SMX во соработка со SEO компанијата Megantic го прави веќе цели 2 години преку крусот за SEO, што е всушност главната мотивација за 3-месечниот SEO Bootcamp кој со помош на тим од SEO експерти од Megantic заедно го креиравме, каде што секој студент по завршување на 2 месеци интензивно учење (теоретски дел) ќе има можност за работа на реални проекти (практичен дел) токму за Megantic!

Дознај повеќе за нашиот SEO Bootcamp тука, или продолжи да го читаш интервјуто со Викторија во кое таа ни го сподели своето искуство.

1. Зошто се одлучи за курсот за SEO во SMX?
За курсот се одлучив од причина што секогаш сакам да учам нови работи, воедно имам диплома за веб девелопер па сето тоа некако ми се вклопува во струката.

2. Што научи на курсот (издвој модул/дел кој најмногу ти се допадна, и наведи ни 3 причини зошто?)
На курсот научивме многу за SEO вклучувајќи On-Page и Off-Page SEO, White Hat SEO и Black Hat SEO како и многу други работи кои треба да ги знае некој кој штотуку навлегува во оваа професија или има некое претходно знаење. Мене лично најинтересен дел ми беше оној за keywords, затоа што мислам дека е доста забавно воедно и предизвикувачки да пребаруваш нови зборови кои ќе помогнат за една веб страна да се рангира повисоко на Google.

3. Дали имаше претходно познавање од SEO? Колку курсот ти помогна добро да се запознаеш со SEO?
Немав никакво познавање од SEO, но курсот беше толку добро пренесен од страна на инструкторката што го прави соодветен и за почетници но и за оние кои имаат претходно познавање, бидејќи секогаш е добро да се научи нешто ново.

4. Накратко опиши ни го твоето досегашно искуство во Megantic. Како го применуваш знаењето стекнато на курсот?
Искуството во Мегантик е одлично, имаат прекрасно организирани тимови, и колегите се доста пријатни со што сите си помагаме еден со друг. Знаетето од курсот го применувам секојдневно и чуството е прекрасно кога си дошол спремен, а со тоа работата е полесна.