На какви проекти ќе работиш за време на Social Media Marketing Bootcamp
- ноември 17, 2023
- Објавено од: Hristina Kolova
- Категорија: Дигитални вештини
Социјалните мрежи се секојдневие на многумина, користиме различни платформи, за различни намени, со различни желби и потреби. Моќта на платформите за социјални мрежи е токму во корисниците, кои активно ги следат и добиваат информации од нив. Поради тоа, компаниите го гледаат потенцијалот за развој на нивниот бизнис преку маркетинг на социјалните мрежи, но реалноста е дека најголем дел од компаниите тоа го прават неуспешно и не знаат како, па им е потребна дополнителна помош од маркетинг агенција или маркетер за социјалните мрежи.
Тимот на SMX е активен во овој сегмент од маркетингот повеќе од 7 години, заедно имаме соработувано со над 150 домашни и странски клиенти, менаџирано буџет од над 1.000.000 евра за рекламирање за повеќе индустрии. Поради тоа, одлучивме да го споделиме нашето знаење и искуство преку 4 месечен Social Media Marketing Bootcamp во кој ќе имаме 1 месец целосно работење на реални проекти со партнер маркетинг агенции Eon Eden и Roccad.
Двете компании имаат долгогодишно искуство и голем број на клиенти во нивното портфолио, од најразлични индустрии и сфери, па задачите кои би се сработувале би биле сеопфатни и многу корисни за учесниците на буткампот. Освен тоа што во текот на 3-те месеци предавање ќе има домашни задачи, последниот месец од буткампот е целосно посветен на работа на поголеми проекти и задачи за реални клиенти.
Како ќе се одвива месецот на реални проекти во SMM Bootcamp
Сите учесници ќе бидат вклучени на Slack и Asana. Ќе се зададат различни мали и поголеми таскови за некои од клиентите на маркетинг агенциите Eon Eden и Roccad. Секоја задача ќе има контакт лице од фирмите кое ќе биде достапно за прашања и консултации.
Пример задачи:
- Пишување текст за објава
- Креирање слика за објава
- Комплетно креирање објава
- Креирање Content Calendar
- Креирање Social Media Strategy
- Поставување на реклама
- Менаџирање и оптимизирање на реклама
Откако ќе бидат сработени задачите, требаа да бидат прикачен на платформата Asana, односно во самиот таск, каде одговорното лице ќе направи преглед и доколку се е во ред ќе ја одобри задачата и ќе го комплетира таскот.
Преку овој начин, учесниците на буткампот ќе имаат уникатна шанса да научат како функционира една маркетинг агенција и како всушност се извршуваат задачите. Освен тоа, проектите се за реални компании кои имаат веќе поставено барања и стандарди кои учесниците ќе мора да ги постигнат.
Знаењето што ќе биде споделено на самиот буткамп е акумулирано со години искуство и работа на голем број проекти, а наша цел е сите учесници да добијат забрзување на нивната кариера во дигиталниот маркетинг. Овој буткамп е исто така многу корисен и за вработени во компании кои сакаат самостојно да го водат делот од социјалните мрежи, што може да донесе многу подобар резултат за компанијата.