Најчести грешки при SEO оптимизација Од искуство на менторите на SEO Bootcamp
- февруари 6, 2024
- Објавено од: administratorskarabota
- Категорија: SEO Bootcamp
Веројатно сте пробале многу методи и сте прочитале еден тон материјал во обид да ги откриете суштински елементи за успехот на SEO оптимизација. Eдноставно е да се изгуби трагата каде грешите во оваа изобилство од алгоритми кои постојано се развиваат. Сепак, во процесот на успешна оптимизација, вообичаени грешки може да се случат дури и кај искусни професионалци.
Не е само да ги разбереме основните работи на SEO, туку од големо значење за добра оптимизација е и да ги препознаеме грешките во чекорите што можат да ја попречат нашата добра работа.
Во прилог ви истакнуваме некои од најчестите грешки со кои се среќаваме во чекорите при SEO оптимизација, на кои почетниците па и веќе успешните специјалисти знаат да не обрнат внимание или да ги запостават.
Игнорирање на Публиката
Првата грешка во SEO оптимизацијата би била ако не ја познавате вашата публика и едноставно се водите по она што вие сте си го замислиле. Треба да произведувате содржина за луѓето кои се заинтересирани за неа. Како можете да очекувате вашата публика да ја пронајде и посети вашата веб-страница ако информациите што ги произведувате не се поврзани со нив?
Ако не го знаете однесувањето на вашата публика во пребарувањето, може да завршите со таргетирање клучни зборови кои не се релевантни за нивните прашања. Ова може да доведе до пониско рангирање на пребарувачите и намалена видливост на вашата веб-страница. Содржините што не резонираат со вашата публика веројатно нема да ги привлечат и претворат во посетители. SEO не е само за задоволувањето на пребарувачките алгоритми, се работи и за обезбедување позитивно корисничко искуство. Ако вашата веб-страница не ги задоволува потребите и преференциите на вашата публика, поголема е веројатноста публиката брзо да замине. Ова секако негативно влијае на рангирањето на вашата веб-страница во пребарување.
Непознавање на Конкуренцијата во вашата индустрија
Непознавањето на вашите конкуренти може да резултира со многу пропуштени можности. Не ги игнорирајте едноставно затоа што се конкуренција. Наместо тоа, свртете го во ваша полза како можност за раст и развој. Треба да знаете против кого се борите за да се издвоите од толпата. Затоа, навлезете во анализата на конкурентите.
Кога зборувам за пропуштени можности, мислам на тоа дека, ако не сте свесни кои се вашите конкуренти, може да пропуштите вредни стратегии што тие успешно ги применуваат. Ова може да вклучува таргетирање одредени клучни зборови, користење ефективена маркетинг стратегија или ангажирање во успешни тактики за градење линкови. Преку нив може да дознаете кои клучни зборови се високо конкурентни во вашата индустрија. А, може да бидат и потенцијални клиенти за градење линкови.
Keyword Stuffing
Ова се однесува на грешката кога го употребуваме клучниот збор премногу пати во реченица или пасус. Пречестата употреба на клучни зборови се гледа како обид да се манипулира со алгоритмите на пребарувачот наместо да се обезбедат вредни информации за корисниците. Пребарувачите може да ги казнат таквите веб-страници со намалување на нивното рангирање или дури и отстранување од резултатите од пребарувањето. Исто така претрупувањето со исти клучен збор често резултира со содржина која е тешка за читање, што дополнително може да ги исфрустрира корисниците.
Спротивно на тоа, добро напишаната и привлечна содржина е поверојатно да биде споделена, поврзана и фаворизирана од пребарувачите.
Игнорирање на оптимизацијата на сликите
Оптимизацијата на сликата, вклучително и употребата на целните клучни зборови во ознаката alt, се спроведува многу брзо, но може да резултира со значително подобрување на рангирањето. Добро оптимизираните слики може да се појават во резултатите од пребарувачите, обезбедувајќи дополнителна можност за откривање на вашата содржина. Во блог постовите Алтернативниот текст, обезбедува текстуален опис на сликите. Ова не само што им помага на Пребарувачите да ја разберат содржината, туку и ја прави вашата веб-страна подостапна за корисниците. Секако и присуството на социјалните мрежи позитивно влијае на SEO оптимизацијата, бидејќи со визуелно привлечни, оптимизирани слики веројатност е многу поголема дека ќе се привлечат кликови и споделувања.
Користење на лош Anchor text
Пребарувачите се потпираат на Anchor текстoт за да го разберат контекстот на неговата поврзаност со содржината. Лошиот линкуван текст може да ги збуни корисниците околу содржината што ќе ја најдат на поврзаната страница. Корисниците може да кликнат на линкот очекувајќи продукти врз основа на Anchor текстот, само за да стигнат до дестинацијата и да најдат продукти што не соодветствуват со претходно прочитаното. Кога креирате внатрешни врски (Internal Links), користењето лошo линкуван текст може да направи предизвик за корисниците и пребарувачите да ја разберат врската помеѓу поврзаните страници. Правилно избраниот Anchor текст помага да се воспостават тематски врски и придонесува за добро структурирана веб-страница.