Пребарување
  • Пон - Пет 9:00 - 17:00
  • Тоше Проевски 8, 2400 Струмица, Македонија
  • +389 77 648 049
SMX
0
0 курсеви 0,00ден
  • Академии
    • Академија за Data Analysis со Python, SQL & Power BI
    • Академија за програмирање со .NET
    • Академија за веб програмирање
  • Bootcamps
    • Human Resources Bootcamp
    • Видео Монтажа Bootcamp
    • Social Media Marketing Bootcamp
    • SEO Bootcamp
    • Product & Project Management Bootcamp
    • Внатрешен дизајн Bootcamp
    • Salesforce Administrator Bootcamp
  • Курсеви
    • Активни Курсеви
    • Снимени курсеви
    • Неактивни курсеви
  • Вебинари
    • Кариера како Data Analyst – Се што треба да знаетé
    • Најважните правила и практики за видео обработка – Како тоа го прават врвните професионалци
    • Вебинар за Data Analysis
    • Вебинар за Fullstack Web Development
    • Погледни ги сите вебинари
  • Блог
  • Регистрирај се
0
0 курсеви 0,00ден
Најава
  • Академии
    • Академија за Data Analysis со Python, SQL & Power BI
    • Академија за програмирање со .NET
    • Академија за веб програмирање
  • Bootcamps
    • Human Resources Bootcamp
    • Видео Монтажа Bootcamp
    • Social Media Marketing Bootcamp
    • SEO Bootcamp
    • Product & Project Management Bootcamp
    • Внатрешен дизајн Bootcamp
    • Salesforce Administrator Bootcamp
  • Курсеви
    • Активни Курсеви
    • Снимени курсеви
    • Неактивни курсеви
  • Вебинари
    • Кариера како Data Analyst – Се што треба да знаетé
    • Најважните правила и практики за видео обработка – Како тоа го прават врвните професионалци
    • Вебинар за Data Analysis
    • Вебинар за Fullstack Web Development
    • Погледни ги сите вебинари
  • Блог

Најчести сметководствени грешки кај малите бизниси

  • март 31, 2022
  • Објавено од: Igor Spasovski
  • Категорија: Бизнис
Нема коментари

  Сметководството претставува систем кој го покрива планирањето на рентабилноста, ликвидноста, финансиските структури и инвестициски вложувања во секој бизнис.

Компаниите ги користат информациите од сметководството во форма на финансиски извештаи кои ја прикажуваат состојбата на капиталот во однос на економските ресурси, за да се добие вистинската слика за состојбата на самата компанија. Исто така, преку сметководството компаниите можат да планираат и да го контролираат финансиското работење и деловните трансакции, како и да ја анализираат нивната економска состојба, со цел да можат да донесат соодветни деловни одлуки.

Сепак, сметководството не е лесна и едноставна работа, а малите компании во обид да заштедат пари, често одлучуваат сами да ја водат сметководствената евиденција. Тоа и не најдобра идеја, бидејќи сметководствените грешки можат многу да ја чинат една компанија.

Во продолжение пишуваме за неколку грешки кои сите сопственици и менаџери на мали бизниси мораат да се обидат да ги избегнат:

1. Несоодветна организација и занемарување на “ситни” трошоци

Организацијата е клучен фактор во сметководството. Тоа за една компанија значи дека треба да чуваат сите сметки од расходи од деловни кредитни или дебитни картички, да се забележуваат ситни парични трошоци точно на денот кога тие се направени и навремено да се доставуваат до сметководителот.

Дури и најуспешните сопственици на бизниси понекогаш забораваат да ги следат нивните деловни трансакции, а свесноста за малите трансакции на крајот го олеснува справувањето со поголемите.

Сопствениците на мали претпријатија честопати без да размислат ги игнорираат сметките за купување на неколку канцелариски материјали и останати други мали набавки. Сепак, треба да знаете дека овие трошоци може да изнесуваат голема сума и немањето запис за оправдување на оваа сума може да создаде потешкотии во буџетирањето и проценката на готовинскиот тек.

2.Комбинирање на лични и деловни финансии

Мешањето на личните и деловните финансии е една од најчестите грешки кои ги прават сопствениците на мали бизниси. Тие се зафатени со толку многу деловни работи, што често не обраќаат внимание и не ги диференцираат деловните и личните трошоци. Таквата грешка може да доведе до многу забуни кога треба да се доставуваат извештаи за деловни трошоци.

Затоа, треба да бидете сигурни дека не ги плаќате деловните трошоци од вашиот џеб, и исто така дека не ги користите профитите на компанијата за да ги користите за лични цели. Ако имате комбинирани банкарски сметки, ќе ви биде невозможно да ги разликувате влезните и излезните трошоци, што може да резултира во деловен неуспех.

3.Самостојно водење на сметководствена евиденција

Сопствениците на мали бизниси честопати не се подготвени да го делегираат сметководството на искусни сметководствени професионалци. Одржувањето на сметките е важно за растот на секој бизнис, а активностите кои се потребни за тоа одземаат многу време, но бараат и професионалност и знаење, бидејќи секоја грешка може да чини многу.

Затоа, ако сте сопственик на мал бизнис, најдобро би било да го делегирате сметководството на професионалци, бидејќи не можете да се справите самостојно со сè. Освен тоа, ако имате искусен сметководител ќе добивате стручни совети кои ќе помогнат во максимизирање на приходите и минимизирање на трошоците.

4. Неквалитетна комуникација

Лошата комуникација помеѓу Вас како сопственик на бизнис и Вашиот сметководител може да резултира со сериозни грешки во сметководствената евиденција, односно да доаѓа до погрешни финансиски извештаи и податоци.

Ако сакате да добиете најмногу профит од продажбата и трошоците, треба да искористите искусен сметководител или сметководствена служба и да бидете во редовна комуникација за да се избегнат грешки, да пронајдете заштеда на даноци и да откриете други деловни можности врз основа на Вашите финансиска состојба.

Во најмала рака, осигурете се дека се воспоставени соодветни процедури и процеси за да се задржи комуникацијата отворена и продуктивна.

5. “Бекап” на податоците

Вршење редовни резервни копии (“бекап”) на податоците е од големо значење за секој бизнис, посебно за малите бизниси и сметководители. Освен случаи како што се расипување на компјутер и изгубена или украдена опрема, бидете подготвени и за други екстремни околности. Пожар во Вашата канцеларија или поплава од пукната цевка може да ги избрише сите Ваши податоци и записи.

Имањето повеќе резервни копии за максимална безбедност е од суштинско значење за бизнисите, осигурувајќи се дека имате пристап до податоците за сите минати години.

6.Неразбирање на основните сметководствени принципи и поими

Можеби најголемата грешка на сопствениците на мали бизниси е тоа што ги немаат совладано основните сметководствени правила и принципи како книжење, финансиски извештаи, водење евиденција на деловните трансакции кои вклучуваат набавки, плати, продажба, капитал, амортизација и други. 

Овој недостаток може значително да го забави, па дури и загрози развојот на бизнисот бидејќи поставувањето на здрава финансиска структура во првите години од бизнисот е една од најважните и најклучните обврски на сопствениците.

Токму затоа, креиравме специјален курс за сите што ги интересира сметководството, а особено сопствениците на мали бизниси кои им треба поддршка во разбирањето и користењето на сметководството во нивна полза. Курсот е воден од врвен професионалец, Иван Стојанов, кој има долгогодишно искуство во работењето во финансискиот сектор.


Прочитај повеќе и пријави се ОВДЕ!

За Нас

Локалис Трејд ДООЕЛ
ул. Младинска 230, 2400 Струмица
ДБ: 4027015522348 ЕМБС: 7031351
Жиро сметка: 210070313510133

Линкови

  • Контакт
  • Политика за приватност
  • Политика на враќање на средства
  • Стани инструктор

SMX е официјално CPD акредитиран едукативен центар

Image 1
Image 2

Поддржано од

Image 3
© SMX 2024
Sign In
The password must have a minimum of 8 characters of numbers and letters, contain at least 1 capital letter
Запомни ме
Sign In Регистрирај се
Restore password
Send reset link
Password reset link sent to your email Close
Confirmation link sent Please follow the instructions sent to your email address Close
Your application is sent We'll send you an email as soon as your application is approved. Go to Profile
No account? Регистрирај се Sign In
Lost Password?