Најчесто поставувани прашања – Летен курс за Software Testing со Ване Терзиски
- јуни 26, 2023
- Објавено од: Hristina Kolova
- Категорија: Дигитални вештини
- Кое е твоето практично искуство со Software Testing?
Доколку погледнеме ретроспективно наназад пред нешто повеќе од 12 години кога започна мојата кариера во ИТ индустријата, тестирањето на софтвер како гранка беше во своите зачетоци и во подем. Од таа перспектива имав можност да гледам како самите процеси и методологии на развој на еден софтвер се менуваат и интегриран дел станува тестирањето. Од друга страна можноста да работам на софтвер кои покрива различни бизнис домени го збогати моето искуство во поглед на тестирање огромни и комплексни апликации.
- Накратко запознај не со тебе?
2011 година некаде Март месец ја започнувам мојата ИТ кариера, начелно како ВЕБ девелопер кој работи со PHP технологија. Меѓу проекти наоѓам време да помагам на колеги во компанијата со тестирање на софтверот кој се развиваше. Од тука мојата кариера добива друг правец и димензија, како личност превземам пресметани ризици и можноста во тој момент за раст и развој на кариерата беа огромни. Таа одлука се покажа како исправна и ми даде можност да работам во прогресивни компании надвор од Македонија.
- Што ќе се учи за време на курсот?
Целта на курсот е да се запознаат кандидатите со основите на тестирање на софтвер, какви се видови на тестирање постои и да се даде увид од техничка перспектива што е потребно да се научи и знае за кариера како QA инженер или Софтвер Тестер.
- Како ќе се одвива наставата и дали студентите ќе имаат можност преку практични примени да го совладаат материјалот?
Станува збор за краток летен курс кој трае 2 недели и ќе има вкупно 6 предавања, по 3 секоја недела. Предвидени се домашни задачи после некои од предавањата и секако за крај е оставено спроведување во пракса на тоа што е научено.
- Наведи 3 причини зошто некој треба да учи курс за Software Testing во SMX?
SMX е академија која е ориентирана кон потребите на своите студенти и се труди со своите курсеви да покрие се она што е тренд или актуелно за различни профили на професии. Курсот за Software Testing има цел да понуди различни нивоа и правци за секој кандидат во понапредните нивоа, а тоа може да биде како мануелен тестер или автоматски тестер. Секој што својата иднина ја гледа како Test Automation Engineer, SMX му нуди можности за курс во програмирање во различни програмски јазици.
- За кого е наменет овој курс? За почетници или и за оние кои имаат претходно познавање?
Овој курс би бил совршен за оние кои што прв пат се среќаваат со поимот тестирање на софтвер, но и за оние кои имаат некое основно познавање меѓутоа немаат искуство како тој процес се имплементиран во секојдневниот процес на копаниите во реалниот живот.
Уписите за курсот за Software Testing се во тек! Сочувај си место тука.