Блог
Зошто сме цел ден зафатени, а најважното останува за утре? Интервју со Данче Азманова Мирчевска
- октомври 30, 2026
- Објавено од: administratorskarabota
- Категорија: Бизнис Инструктори

Цел ден си зафатен/а, а навечер повторно имаш чувство дека најважното останало незавршено. Го прашавме Данче Азманова Мирчевска, сертифициран коуч за продуктивност и ментор на обуката „Од хаос до фокус“ во SMX, зошто се случува ова и што може да се смени уште утре.
Зошто толку многу луѓе се постојано зафатени, а на крајот од денот имаат чувство дека не го завршиле најважното?
Затоа што често паѓаме во замката дека да си „зафатен/а“ е исто што и да си „продуктивен/а“. Повеќето луѓе работат во состојба на постојано префрлање на вниманието (context switching) од една задача на друга.
Но, дали знаете дека секој ваков прекин и префрлање на вниманието те чини во просек 23 минути за повторно да се вратиш на задачата фокусирано?
На крајот на денот завршуваме со 2% енергија, со длабока исцрпеност од цел ден гаснење ситни пожари. Арно ама, главните, стратешки задачи што ни носат резултати останале нечепнати. И после тоа се прашуваме каде ни отишол денот.
Кои се трите најчести „крадци на време“ што ги забележуваш кај професионалците со кои работиш?
Крадец 1: Илузијата дека можеме да работиме повеќе задачи наеднаш, а притоа на секои 5 минути да проверуваме кој ни го лајкнал постот на Инстаграм. Мозокот не работи паралелно. Тој само брзо скока меѓу задачите и на тој начин ја троши менталната енергија.
Крадец 2: Состаноци што слободно можеле да бидат кратка порака и немање јасни граници (и термини) за комуникација со тимот и клиентите.
Крадец 3: Немаш дефиниран дневен приоритет. Денот го започнуваш со бескрајна листа задачи, без да бидеш свесен/а која е онаа главна задача што мора да биде завршена денеска и што ќе те донесе поблиску до твојата цел.
Што најчесто погрешно правиме кога го планираме работниот ден?
Најчеста грешка се бесконечните To-Do листи. Денот си го полниме со желбички што сакаме да ги направиме, наместо да бидеме реални и да земеме предвид колку време навистина трае секоја задача и кога во текот на денот имаме најмногу ментална енергија за неа.
Еве како изгледа хаотичниот пристап. Имаш дневна to-do листа од 30 задачи на лист хартија или во календарот. Започнуваш со најлесната (на пример, одговарање на мејлови), поминуваат 2 часа, се појавува итна порака од клиент, влегуваш во хаосот и доаѓа 16 часот кога сфаќаш дека од списокот си штиклирал/а само ситници. А најважното повторно не е завршено.
На обуката го менуваме овој пристап со таканаречената Временска архитектура (Time Architecture). Бесконечната To-Do листа ја заменуваме со блокирано време за секоја задача и со дневен приоритет што се завршува уште на почетокот на денот (според принципот „eat the frog“).
Еве пример како изгледа мојот работен ден:
- Од 08 до 12 часот: длабока, фокусирана работа, посветена исклучиво на дневниот приоритет. Сите нотификации ми се исклучени, во тој период не сум достапна на телефон и не одговарам на мејлови.
- Од 12 до 13 часот: одговарам на сите мејлови и пораки наеднаш.
- Од 13 до 16 часот: оперативни задачи и состаноци.
Како да поставиме граници со клиенти и колеги кога се очекува постојано да бидеме достапни?
Прво да разјасниме нешто: границите не значат дека не ти е грижа за проектот или клиентот. Важи сосема спротивното. Сакаш да испорачаш врвен квалитет, без грешки од брзање.
Ако сакаме луѓето да го почитуваат нашето време, прво ние мораме јасно да го искомуницираме нашиот начин на работа. Еве порака за поставување граници што често ја користам:
„Здраво [име на клиентот], да те известам дека ја добив твојата порака/задача. Во моментов сум целосно фокусирана на мојот главен проект за денот. Пораките ги прегледувам од 12 до 13 часот, па тогаш ќе ти одговорам детално на сите прашања. Секако, ако се работи за нешто итно, слободно побарај ме директно на телефон.“
Која мала промена може да ја испробаш уште утре?
За почеток, пробај Дигитален паркинг и 90 минути фокусирано време.
- Уште вечерва: пред да ти заврши работниот ден, запиши ја само едната најважна задача за утре, приоритетот што ќе направи вистинска разлика штом ќе го завршиш.
- Утре наутро: првите 90 до 120 минути од работниот ден стави ги телефонот и сите нотификации на нечујно за да бидеш 100% фокусиран/а на главната задача. Кога ќе ја завршиш, веќе си победник на денот, пред воопшто да влезеш во контакт со светот.
- После работа: штом ќе се вратиш дома, паркирај го телефонот на полица, во фиока или во кутија, што подалеку од собата каде што го поминуваш времето со семејството. Исклучи ги нотификациите и уживај во квалитетно време со најблиските. (Зар е важно да знаеш кој ти го лајкнал постот во 8 часот навечер?)
Можеш ли да споделиш конкретен пример од твојата работа?
Примери има многу. Една од клиентките со кои работев беше фриленсерка на Upwork и маркетинг специјалист. Работеше по 12 часа дневно, а сепак постојано имаше чувство дека доцни со проектите и дека е на работ на исцрпеност. Нејзиниот конкретен предизвик беше тоа што клиентите ѝ пишуваа и ѝ даваа задачи на повеќе различни канали (Viber, WhatsApp, LinkedIn, мејл, Upwork), во секое време од денот, а таа одговараше веднаш, дури и по цена да ја прекине креативната работа.
Еве што променивме:
- воведовме комуникациски протокол и каналот за добивање задачи го сведовме на еден;
- поставивме 2 фиксни блока во денот за одговарање на пораки (според методата Task Batching, групирање слични задачи и нивно извршување наеднаш);
- применивме Дигитален паркинг по 18 часот.
Резултатот: за само 3 недели нејзиното активно работно време се намали за 12 часа неделно. Испораките кон клиентите станаа значително побрзи и поточни, бидејќи можеше 100% да се фокусира на нив. Нивото на дневен стрес драстично опадна, а слободните вечери со семејството ѝ се вратија.
За кого е обуката „Од хаос до фокус“ и што ќе изработат учесниците?
Обуката е наменета за зафатени професионалци, проектни менаџери, маркетери, фриленсери, дизајнери и претприемачи кои имаат висок обем на обврски и се на раб на прегорување од постојаното „гаснење пожари“ во текот на денот.
Програмата трае 4 недели и не е теорија. Тоа е интерактивна работилница:
- Недела 1: правиме Time & Energy Audit и детокс листа за елиминација на активностите што го „крадат“ времето.
- Недела 2: го градиме твојот персонализиран распоред со структурирани блокови за фокусирана работа, без дистракции.
- Недела 3: воведуваме комуникациски протоколи и правиме петдневен експеримент со Дигитален паркинг за поставување дигитални граници (и за зачувување на сопствениот мир по работното време).
- Недела 4: го комплетираме твојот личен систем за продуктивност и фокус и правиме детален план како подобро да ги организираш своите обврски и да заштедиш до 10+ часа неделно.
Практични материјали што ги добиваш:
- водич за 30-минутен неделен рестарт и подготовка за работната недела без стрес, со готов шаблон за планирање на неделата и поставување стратешки приоритети;
- дигитални табели за следење на времето и нивото на енергија во текот на денот, за да видиш каде точно ти „бега“ времето;
- готови copy-paste пораки за комуникација со клиенти и колеги, поставување граници и асертивно кажување „не“;
- директен фидбек и поддршка во деновите помеѓу предавањата;
- заедница на луѓе што меѓусебно се поддржуваат во остварувањето на своите цели.
Пријави се на „Од хаос до фокус“
Обуката почнува во вторник, 24 ноември 2026. Трае 4 недели: првото предавање е во вторник, а останатите три во среда (2, 9 и 16 декември), секогаш од 18:30 до 20:30, онлајн во живо, со практични задачи помеѓу предавањата. Цената е 3.900 денари.
Програмата и пријавата се на kurs-produktivnost.smx.mk.