Кристина Крстевска беше учесничка на претходниот курс за Facebook & Instagram рекламирање, која покрај тоа што беше почетник и немаше претходно познавање од оваа област, доби можност за платена пракса во агенцијата за дигитален маркетинг – Roccad. Во период од 2 месеци, Кристина имаше можност да ги надогради своите стекнати вештини и искуства преку работа на реални проекти за вистински клиенти.

Поразговаравме кратко со Кристина околу ова искуство и еве што ни кажа таа:

1. Како дозна за курсот “Вовед во Facebook & Instagram Ads” кој го организираше SourceMX Academy?

– За курсот дознав преку пријател, и тоа што се нудеше ме привлече, па решив да се пријавам.

2. Дали имаше претходно познавање од рекламирање со Facebook & Instagram?

– Јас бев почетник и некој кој првпат се среќава со Facebook маркетинг, но можам да кажам дека научив доста многу работи со помош на курсот кој беше спремен за секое ниво дури и за тие како мене (почетници).

3. Што најмногу ти се допадна на овој курс?

– Ми се допадна начинот на кој се предаваше преку примери, исто така ми се допадна и разгледувањето на работните задачи кои нѝ беа доделени од страна на Горан кој за времетраење на курсот оставаше простор за комуникација и изнесување на мислења и идеи, и целиот материјал беше припремен на начин кој многу лесно можеше да се совлада и научи.

4. Каква беше твојата реакција кога дозна дека ќе добиеш можност за платена пракса во маркетинг агенцијата Roccad?

– Кога ме известија дека сум стигнала до делот со интервју, првично мислев дека станува збор за некоја забуна па немав некоја реакција (не очекував дека некој како мене почетник би добил таква шанса), што за моја среќа излезе сосема спротивно и ми е исклучително драго.

5. Дали би ја препорачала SourceMX Academy на друг?

– Да, секако! На голем дел од пријателите им препорачав да ги следат курсевите кои ги нуди академијата, бидејќи мислам дека преку курсевите се добива големо знаење од најразлични области кое може да помогне во развојот на професионалната кариера.

Нашиот курс „Вовед во Facebook и Instagram Маркетинг“ започнува денес, a поради огромниот интерес, веќе имаме и нов датум за септември 20-ти чиј број на слободни места се намалува бргу. Затоа, резервирај го твоето присуство овде.