5 Причини зошто да започнеш да учиш програмирање во 2022
- ноември 9, 2022
- Објавено од: Hristina Kolova
- Категорија: Full-Stack Програмирање
Дали вреди да се учи програмирање во денешно време?
Како тим составен од неколку вработени меѓу кои и програмери, често пати сме го поставиле ова прашање како тема на дискусија, а оттаму и како една од главните причини да креираме Академија за Програмирање преку која ќе им овозможиме на одреден број студенти да учат бесплатно, а платат откако ќе се вработат во IT компанија.
Зошто вреди да се биде програмер во 2022?
Претпоставуваме дека на многу од вас ви е добро позната реченицата “Програмерите се најдобро платени”, што е вистина доколку зборуваме генерално, но не е секогаш така и во пракса. Што значи ова? Не е важно само да имаш завршено едукација за Програмирање, или пак основно познавање во програмирањето, туку и многу повеќе, да учиш од квалитетна и детална програма спроведена од посветени и искусни инстурктори, работа на реални проекти, како и посветеност и решителност од твоја страна.
За тоа сведочи наш поранешен студент Митко Арсов кој беше учесник на првата генерација од бесплатната Академија за програмирање која започна во 2019 година. Митко уште на самото пријавување покажа голем ентузијазам и беше посветен да ја промени својата кариера како архитект и да навлезе во ИТ индустријата. Денес, благодарение на знаењето што Митко го стекна за време на академијата, тој работи за еден од најпознатите светски брендови за производство на луксузни возила -Volvo. Дознај повеќе тука.
Во дискусија со нашите програмери, решивме да издвоиме 5 причини зошто да учиш програмирање
Секогаш можеш да најдеш работа
Можеби си забележал/ла во неколку огласи како се бара програмер за специфичен програмски јазик, токму во тоа лежи најголемиот бенефит на еден програмер. Доколку не се пронаоѓа во работата со Java Script, може да се фокусира на друг јазик како React, и потоа стане специјализиран програмер за React (во моментов една од најбараните работни позиции).
Ќе можеш да допринесеш за општеството
Светот се повеќе станува дигитален, но за жал истовремено се повеќе технологијата се применува на погрешен начин. Ти можеш да го промениш тоа! Со твоето знаење, можеш да допринесеш за изградба на една веб страна или апликација која има за цел заштита на планетата земја или слична еко акција.
Можеш да работиш Freelance Progammer во секое време
Доколку не си љубител на работно време од Понеделник до Петок, во денешно време има безброј Freelance платформи каде можеш да работиш индивидуално на проекти во временски интервал кога тебе најмногу ти одговара!
Имаш голема можност да живееш во било која земја и ја работиш работата која ја сакаш
Секоја земја има потреба од програмери, за одредена индустрија. Тој тренд ќе продолжи да расте токму поради дигитализацијата на светот за која зборувавме малку погоре. Сето ова ќе ти овозможи да бидеш ТИ тој/таа кој/која ќе ја избере идната локација за живеење, а истовремено ќе можеш да го работиш тоа што го сакаш!
Иако по завршување на Академија за програмирање ќе бидеш почетник, IT светот е толку голем што со повеќе труд и подршка од нас ќе можеш веднаш да се вработиш.
Целта на Академијата за програмирање во SMX е да помогне и овозможи соодветно знаење на секој оној кој е 100% одлучен, дека сака да започне работа како програмер. Оттаму, по завршување на Академијата нашиот тим ќе се потруди да ти помогне да најдеш работа во IT индустријата или во некои IT компании со кои ние соработуваме. Дознај повеќе за тоа на нашата официјална страна на Академијата за Програмирање.