Q&A со Тања Илијоска ментроката на Академијата за .NET во SMX
- февруари 6, 2024
- Објавено од: administratorskarabota
- Категорија: .net
Ментор си на .NET Aкадемијата во SMX која ја организираме по трети пат. Запознај не накратко со тебе: Која е твојата професија И зошто кариера во .NET?
Јас сум софтверски инженер, со специјалност во Microsoft технологии 12 години. Моето прво работно искуство беше со веб проgraмирање со .NET MVC, како и .NET Framework. Технологијата има динамичен развој и напредок, огромни можности за развој на софтверски решенија, покрива многу области и има огромен пазар. Сето тоа допринесе да останам во технологијата до денес.
Дали е потребно претходно знаење за да се започне со учење на .NET?
Потребно е да се знаат основните концепти на програмирањето, некоја програмска парадигма (објектно ориентирано програмирање) и основната синтакса на јазикот кој би го користеле за програмирање, како на пример C#.
Кои се најважните концепти во .NET програмирањето што студентите треба да ги совладаат?
Од сите можности на frameworkot, ние ќе се посветиме на програмирање web апликации. Студентите во текот на курсот ќе ги совладаат основните концепти на програмирањето, објектно ориентирано програмирање, C# јазикот, .NET Core, Web API, Entity Framework, релациони бази на податоци и SQL, Angular. Целта е студентите во рамки на академијата да се оспособат и секој од нив да може да направи една целосна web апликација.
Како главен ментор, како би воспоставила баланс помеѓу теоретското знаење заедно со hands-on практични вежби во текот на програмата?
Секој нов концепт се објаснува теоретски и темелно, но за да се разјасне и да се усвои, мора да се примени практично. Советуваме активно учество на часовите, бидејќи секој час има форма на работилница, каде сите заедно работиме на решавање на иста задача/вежба и секој студент ќе може да добие помош од инструкторите. Скоро секој час има домашна која некогаш се работи самостојно, некогаш се применува pair programming или некогаш симулираме работа во тим.
Кои се според тебе предизвиците со кои ќе се соочат студентите во текот на академијата за .NET програмирање?
Секој студент ќе се соочи со различни предизвици во различна етапа од курсот. Предизвиците ги надминуваме заедно, бидејќи и тоа е вештина сама по себе. Затоа е многу важно студентите да останат транспарентни, да комуницираат со менторите, колку и да е тоа надвор од нивната комфорна зона.
Какви совети за учење би препорачала со идните студенти на академијата за .NET?
Да останат фокусирани на основите, да се посветат темелно на концептот што го изучуваат во моментот, да вежбаат и да не се заплашуваат од обемноста на технологијата, да не брзаат кон посложените работи, да останат отворени за ново знаење и во комуникација со менторите, асистентите и групата, да бидат што е можно повеќе изложени на код.
Како препорачуваш студентите да го искористат менторството и можност за учење од искусен програмер?
Најдобар начин да се научи е преку hands-on работа и многу вежбање. Да се има притоа ментор кој ќе те води, насочува и ќе ти помага е голем плус и огромна предност. Мој совет е да ги научат основните коцепти што е можно повеќе и да го искористат времето што го имаат на академија да работат на задачи и проекти, со што би биле изложени на што е можно повеќе проблеми и предизвици. Да поставуваат прашања отворено и без резерва, да ги искористат сите придобивки на тоа да се биде член во групата.
Како заклучок за секој кој го чита овој блог пост, И има желба за кариера во индустрија која е во непрекиден развој – .NET Developer се смета за кариера на иднината поради се поголемиот број од развивање и креирање на НОВИ апликации кои ќе го подобрат секојдневието, а дополнително кога зад нешто стои тим од експерти како оние од Microsoft можеме да кажеме дека ова е програмскиот јазик во кој сакаме да инвестираме – па оттука и ИДЕЈАТА на SMX Academy за доделување на 12 полустипендии во вредност од 900 евра. Прочитај повеќе тука: https://smx.mk/live/akademija-programiranje-net/