Q&A со Ана Јованоска, инструкторка на комплетниот курс за Excel (Basic & Advance)
- февруари 3, 2023
- Објавено од: Hristina Kolova
- Категорија: Инструктори
Работиш секојдневно со податоци кои ги организираш во Excel но се соочуваш со потешкотии поради тоа што не ја познаваш доволно добро оваа алатка?
Во SMX креиравме решение – комплетен курс за Excel каде нашата искусна инструкторка Ана Јованоска ќе ти го пренесе своето знаење во Excel од почетно до напредно ниво.
Денес те запознаваме повеќе со неа, со тоа што ќе се учи на овој курс, и за кого е наменет.
1. Накратко запознај не со тебе. Која е Ана?
Ана е долгогодишен Excel инструктор a работи во областа на човечките ресурси. Сака да учи и да се надградува и вели дека убавината на учењето е во тоа што никој не може да ви го одземе знаењето.
2. До сега организиравме неколку успешни термини на оваа тема. Зошто некој треба да биде дел од овој курс?
Excel е една од најчесто употребуваните програми за извршување пресметки, подготовка на извештаи, анализа на податоци и визуелно претставување на податоците. Excel вештините овозможуваат големи придобивки во работата и претставуваат предуслов за градење на успешна професионална кариера.
3. Што ќе се учи на комплетниот курс за Excel? Наведи еден практичен пример каде знаењето стекнато од курсот учесниците ќе можат да го применат во и работата понатаму.
Ќе научите како најлесно да управувате во Excel и да ја разберете суштината и примената на сите алатки и функции, ефикасно да ги организирате и да ги интепретирате информациите, да креирате табели и графикони за визуелизација на податоците.
4. Кои се придобивките од доброто познавање на Excel?
Excel e најосновната алатка за организирање, анализа и визуелизација на податоци и наоѓа широка примена во многу бизнис сегменти. Познавањето на Excel ќе ви овозможи да ги извршувате своите задачи многу брзо и ефикасно.
5. За кого е наменет овој курс?
За сите кои сакаат да ги искористат можностите на Excel за креирање на извештаи и анализа на податоци, со цел едноставно и ефикасно решавање на разни деловни проблеми.
6. Твоја препорака до сите идни учесници? Што можат тие да очекуваат од овој курс?
Со овој курс ќе се надградите од ексел почетник до професионалец. И тоа ќе ви овозможи да ја подигнете својата продуктивност на повисоко ниво и да бидете поуспешни на работното место.