Q&A со Глигор и Христина – Инструктори на курсот за Facebook & Instagram Marketing
- март 10, 2023
- Објавено од: Глигор Ризов
- Категорија: Инструктори
Facebook и Instagram се едни од најупотребуваните алатки во денешно време за комуникација, споделување и дознавање на новости, поврзување со нови контакти, па дури и онлајн шопинг. Без разлика дали поседуваш свој бизнис, сакаш да започнеш нов бизнис или пак работата ти е поврзана со овие две социјални мрежи, познавањето во целост на елементите и можностите кои Facebook и Instagram ни ги даваат на нас корисниците е од огромно значење.
Токму ова е една од главните причини зошто во SMX решивме да го организираме овој комплетен курс за Facebook и Instagram каде ќе научите од личното искуство на Глигор и Христина како главна движечка сила во маркетингот на SMX. Преку овој курс ќе научите како правилно да се позиционирате на овие две социјални мрежи, следејќи ги најновите трендови и пракси, како и наши тактики кои до сега ни помогнале да оствариме одлични резултати.
Запознај ги Глигор и Христина, специјалисти во Дигитален Маркетинг.
1. Кои се вашите почетоци со реклами на социјалните мрежи и како би го опишале досегашното искуство?
Глигор: Првите најосновни реклами ги поставив за потребите на еден интересен проект што го почнував во 2014, но посериозно со реклами почнав да се занимавам во 2015 кога за мојот прв екомерц бизнис почнав да користам редовно реклами. Во изминатите 8 години работев и се уште работам со клиенти од повеќе индустрии и држави, а можам да кажам поголема специјалност имам развиено во lead generation реклами преку кои преку повеќе видови на кампањи обезбедуваме постојан извор на контакти.
Христина: Моето прво професионално искуство со Facebook ads беше во 2018та година каде ја применив моќта на рекламите со цел да развијам свест (awareness) помеѓу населението за услугите на една поголема корпорација. Од тогаш па до ден денес научив дека со рекламирањето на социјалните медиуми треба да сме квалитетни пред се, односно тоа што им го нудиме на читателите да биде оригинално, релевантно и поткрепено со факти, бидејќи само овој принцип на работа ќе не истакне пред конкуренцијата која во денешно време е се поголема во секоја индустрија.
2. Кои се најголемите предизвици во секојдневната работа на еден Digital Marketing специјалист?
Глигор: Маркетингот на социјалните мрежи е многу динамичен, брзо променлив, со повремено големи апдејти од Meta (Facebook) кои придонесуваат ние како експерти секогаш да бидеме во тек со сите новости. Но, не само тоа, ние мораме да тестираме, да грешиме и да продолжуваме со тоа што успева. Меѓутоа како најголем предизвик можам да одвојам дека е синхронизација на барањата и потребите од страна на клиентите, со можностите од платформите со оглед на буџетот и материјалите што ги имаме.
Христина: Покрај тоа што треба сме постојано информирани за сите новитети на социјалните медиуми, потребно е да сме иновативни и доволно храбри да излеземе од комфорт зоната речиси секогаш кога донесуваме одлука за некоја стратегија поврзана со социјалните медиуми. Само храбрите успеваат!
3. Каква е побарувачката на пазарот за луѓе кои добро ги имаат усовршено овие вештини?
Со оглед на тоа дека Facebook & Instagram се едни од најкористените платформи за маркетинг, компаниите знаат дека мора да бидат присутни овде и знаат дека мора да бидат што по активни и подобри доколку сакаат да имат резултати. Ова значи дека потребата од луѓе кои добро ги познаваат платформите и знаат како да ги искористат можностите што се нудат, секогаш ќе бидат потребни.
4. Што ќе се учи на овој курс?
На овој курс нашиот тим ги издвојува најважните работи што треба да ги знаете како – што е органски, што платен маркетинг, што е funnel, како да се оптимизираат страните и профилите, како да се објавува и комуницира со публиката и како да се креираат и менаџираат успешни реклами.
5. За кого е наменет овој курс? Зошто некој треба да се запише на овој курс?
Курсот е наменет за сите почетници кои сакаат да градат кариера како Social Media маркетери, но исто така и за бизниси кои сакаат да станат подобри во маркетингот на социјалните мрежи и да го добијат потребниот раст токму преку овие платформи.
Во тек се уписите на курсот за Facebook & Instagram Marketing. Побрзај и резервирај го своето место тука.