Q&A со Глигор Ризов, инструктор на курсот за Facebook & Instagram рекламирање
- мај 18, 2023
- Објавено од: Hristina Kolova
- Категорија: Дигитални вештини
Сакаш да научиш како да креираш успешни Facebook & Instagram реклами? Основачот на SMX, Глигор Ризов може да ти помогне во тоа! За време на 3-дневниот летен курс ќе научиш како да креираш успешни и профитабилни реклами на социјалните мрежи.
Денес разговараме со Глигор, кој ќе даде одговори на најчесто поставуваните прашања во врска со курсот…
- Кое е твоето практично искуство со Facebook & Instagram рекламирање?
Со дигитален маркетинг започнав да се занимавам во 2014-та година, меѓутоа тоа беше повеќе работа на WordPress страни, објавување на социјалните мрежи и слично. Веќе наредната година, односно 2015-та, започнав со пуштање реклами на Facebook за потребите на сопствениот бизнис и токму тогаш ги видов можностите и потенцијалот на платформата, како со добро креирана реклама може да се постигнат одлични резултати. Сето тоа ме наведе кон започнување и на дигитална маркетинг агенција, која почна да специјализира во рекламирање на социјалните мрежи, најпрво со реклами со е-трговија, а потоа насочување кон генерирање контакти, lead generation. Во досегашното искуство имам менаџирано огромен број на реклами со вкупно потрошени буџети од близу 1.000.000 евра.
- Што ќе се учи за време на курсот?
На курсот за Facebook & Instagram рекламирање ќе ги опфатиме сите најважни работи кои учесниците треба да ги знаат кога креираат реклами за сопствен бизнис или за потребите на нивните клиенти. Ова вклучува разбирање на алгоритамот, разбирање на платформата со сите можности и алатки, како се креираат реклами, како да изгледа квалитетен дизајн и како правилно да се постави рекламата.
- Наведи 3 причини зошто некој треба да учи курс за Facebook & Instagram рекламирање во SMX?
Разбирањето на можностите што ги нудат социјалните мрежи е многу важно за секој кој сака да влезе во дигитален маркетинг. Како три причини зошто некој треба да учи рекламирање на Facebook & Instagram би ги издвоил:
- Можност за креирање на успешни и профитабилни реклами
- Совладување на еден голем и важен дел од дигиталниот маркетинг
- Надградба на своите вештини со најновите опции и трендови
- За кого е наменет овој курс? За почетници или и за оние кои имаат претходно познавање?
Овој курс е одлична шанса за почетници кои немаат претходно искуство со поставување реклами, да се запознаат подобро со платформата и основите за рекламирање.
Но, сепак ова е многу добра можност и за сите кои имаат поставувано реклами, но не се задоволни од резултатите, да можат да научат нови техники и стратегии кои ќе им помогнат да имаат поуспешни реклами.
Апликациите за летниот курс за Facebook & Instagram рекламирање се во тек! Пријави се тука.