Q&A со Јована Андовска, учесничка на курсот за SEO (Вработена во SEO компанијата Megantic по завршување на курсот)

Денес разговараме со Јована која беше дел од курсот за SEO во SMX преку кој голем број студенти до сега добија можност за вработување во Megantic (SEO агенција) меѓу кои е и таа…што е всушност главната мотивација за 3-месечниот SEO Bootcamp кој со помош на тим од SEO експерти од Megantic заедно го креиравме, каде што секој студент по завршување на 2 месеци интензивно учење (теоретски дел) ќе има можност за работа на реални проекти (практичен дел) токму за Megantic!

Дознај повеќе за нашиот SEO Bootcamp тука, или продолжи да го читаш интервјуто со Јована во кое таа ни го сподели своето искуство…

1. Накратко запознај не со тебе?
Дипломирав на Економски факултет во Скопје на департман Е-бизнис, каде што првично се запознав со SEO. Моментално работам во Megantic со фокус на backlinks. Сакам да се надградувам во неколку области, бидејќи стојам позади тоа дека знењето е нашето богатство.

2. Зошто се одлучи за курсот за SEO во SMX?
Се интересирав и истражував за SEO, па овој курс сосема случајно го најдов преку моја познаничка и се одлучив да инвестирам во моето знаење. Сметам дека преку курс може поквалитетно и ефикасно да се допре до одредена тема.

3. Што научи на курсот (издвој модул/дел кој најмногу ти се допадна, и наведи ни 3 причини зошто?)
Се што опфаќа SEO, вклучувајќи детално разработување на on-page и off-page, keyword research, site maps, link building, структура на веб сајт и така натаму. Дел што најмногу ми се допадна беше за структура на веб страна, бидејќи навлеговме во тоа како Google ја гледа нашата содржина, како е најдобро да постапиме во одредени ситуации и што всушност се крие во позадина на една веб страна.

4. Дали имаше претходно познавање од SEO? Колку курсот ти помогна добро да се запознаеш со SEO?
Да, имав. Ми долови што всушност претсавува SEO преку практичните примери, исто така имавме пристап до инструкторката која беше отворена за секое прашање.

5. Опиши ни го твоето досегашно искуство во Megantic во неколку зборови. Како го применуваш знаењето стекнато на курсот?
Менторката е феноменална, тимот со висок степен на колегијалност и професионалност. Знаењето од курсот го применив веднаш по вработување и ми служи секојдневно, еден огромен плус.