Q&A со Марио Крстевски, инструктор на Академијата за програмирање со React.js и JavaScript
- март 23, 2023
- Објавено од: Hristina Kolova
- Категорија: Инструктори
Зошто да учиш React.js во 2023?
Како една од најупотреубавните технологии – React е иднината за секој front-end developer, поради што и одлучивме да ја креираме Академијата за програмирање со React.js и JavaScript каде ќе можеш да се стекнеш со потребното знаење со помош на искусен инструктор.
Денес те запознаваме повеќе со Академијата преку зборовите на Марио Крстевски…
1. Зошто комбинацијата од React.js и JavaScript?
Javascript е многу моќен јазик, буквално е вклучен во изработка на секој вебсајт што постои. Но знае да биде тежок за работа и оддржување, па поради овој проблем постојат многу библиотеки кои помагаат поедноставно да се користи. React е една од нив, со чија помош лесно,брзо и оддржливо се креираат дизајни. Во моментов е најпопуларна и најкористена од сите. И е токму тоа што ќе ви помогне полесно да се вклучите во светот на идните веб девелопери.
2. Што ќе се учи на Академијата и што може учесниците да очекуваат од истата?
Најпрвин ќе почнеме со консилидирање на основите на Javascript, потоа со цврсти основи ќе навлеземе во React, и деталите на зошто и како. Ќе ги поминеме сите најкористени функционалности на React и дополнителни помошни библиотеки за на крај да продолжиме и завршиме со проекти и реални примери.
3. Како ќе биде организирана Академијата? Опиши ни на кратко како ќе се одвива едно предавање?
Академијата ќе биде организирана во 2 часа неделно од по 3 саати, каде што најпрвин ќе дискутираме за прашања поврзани од претходниот час, и продолжуваме со следна лекција, тоа е првата половина од часот, а втората половина е наменета за практична работа со новиот материјал и креирањена нешто уникатно и интересно.
На неделно ниво ќе има домашни и брза достапност до нашиот интерен чат за било какви проблеми или прашања.
Во план е наставата да биде многу интерактивна каде што ќе дискутираме проблеми и ќе се цени активноста и пасијата, кои што се едни од главните карактеристики на квалитетен инжињер/девелопер.
4. Кое е твоето досегашно искуство со React.js и JavaScript?
Цела моја кариера работам со Javascript, а од 2019 наваму, секој проект преферирам и ми е изработен со React. Јас сум презадоволен и ќе продолжам да го препорачувам на сите, затоа и сум тука како инструктор да можам повеќе луѓе да воведам во овој прекрасен свет на React.
5. На Академијата ќе се работи на реален проект. Кажи ни нешто повеќе за тоа?
На крај е предвидено повеќе време за изработка на солиден проект поврзан со реални ситуации од работна околина каде што ќе се стекне знаење и ќе се добие моќ и самодоверба за изработка на било кој следен проект. Тука ќе вклучиме работа во тим, разбирање на барања од клиент, давање сугестии, кои ќе направат квалитетен програмер.
6. Како и каде можат учесниците да го применат знаењето од Академијата?
Знаењето ќе го применат дури и пред да се вработат, имате можност да креирате свои вебсајти, интересни програми кои ви асистираат во вашиот живот. Дополнително можете да се вработите во некоја од иновативните IT фирми или пак да пробате како freelancer.
7. За кого е наменета оваа Академија?
– Секој кој е љубопитен како се градат модерните веб-апликации
– Секој кој сака да ја промени кариерата и да се вклучи во ИТ индустријата
– Програмери кои сакат да го збогатат нивното знаење и научат нешто ново
8. Твоја препорака до секој што го чита овој текст и се двоуми дали да се запише на Академијата?
Доколку сте се размислиле да промените кариера кон нешто посигурно, или имате пасија за размислување и решеавање проблеми, сакате предизвици или пак сакате да почнете своја идеја и свој бизнис.
Инвестирајте во вашата иднина и оставете на нас да ви го покажеме патот.
Уписите на Академијата се во тек! Аплицирај до 5ти Мај и добиј 20% попуст!