Од кога почна целава ситуација со коронавирусот, ние „среќниците“ кои работата нѝ дозволуваше да продолжиме со работа од дома продолживме и на почетокот, сите колеги од иста или слична бранша беа пресреќни. Се разбира, моите колеги од тимот Roccad добро знаеја дека се обидував да ја донесам опцијата “work remotely” веќе некој период. И успеавме, на еден или друг начин. Што после 6 месеци работа од дома?

Почнуваат закани по менталната состојба.

Можеби звучи како прецврст и преопшт заклучок, но земајќи ги во обѕир сите фриленсери и други кои ги познавам што работат од дома, тоа е единствениот заклучок што може да го донесам. Настрана од сите предности кои ги носи со себе работата од дома, како што се работење во пижами, со неспремна коса или приготвување здрав појадок секое утро, постои сериозна закана по вашата ментална состојба.

Најчести предизвици при работа од дома:

  • Чувство на осаменост, изолација или исклученост од светот
  • Чувство на немање можност „да се исклучите од работа“
  • Немање добар баланс помеѓу работата и личниот живот
  • Потешкотии при наоѓање и задржување на мотивација
  • Потешкотии при приоритизирање на работни обврски
  • Немање добар распоред на денот
  • Страв дека не придонесувате доволно или не сте толку добри во она што го работите
  • Проблеми со спиење и несоница

Зошто е тоа така?

Од вклучување на Wi-Fi на телефонот при станување од сон до исклучување на Wi-Fi при одење на спиење, тоа се многу часови поминати „онлајн“ и тоа знае да биде опасно по вашата ментална состојба. Нашите мозоци не само што примаат неограничен број на информации, туку ги процесираат истите и ги извршуваат своите работни обврски. При завршување на работните часови, овде се раѓа големиот предизвик: што после работа?

Во нормални услови, при завршување на работа си одите дома, ручате, одмарате и правите планови за остатокот од денот, а сега цел тој распоред е различен и се раѓа чувство на хаос. Работата од дома знае да го сруши целосно балансот помеѓу животот и работата, па водењето и одржувањето на тој баланс е голема главоболка.

Превентивата е клучна!

Како и со сè друго во животот, најважно е да се превентира. Еден пример, доколку користите премногу канали за комуникација (како во мојот случај), многу е важно да си поставите лимити, не само со апликациите, туку и со самата компанија или клиенти со кои работите. Дадете им на знаење од колку до колку им стоите на располагање и замолете ги да го почитуваат тоа. Тоа што сте дома не значи дека им стоите на располагање 24/7. Во продолжение на текстот ќе ви покажам како да ги лимитирате и самите апликации за комуникација и останатите апликации за да си го заштитите менталното здравје, заедно со 4 други совети.

5 Совети за Заштита на Менталното Здравје на Remote Workers

#1: Направете си строг дневен распоред и придржувајте се кон него

Иако знае да биде многу тешко придржувањето кон одреден распоред, особено кога живеете со повеќе луѓе и тие сметаат дека сте им достапни ако им затребате со некоја домашна обврска, многу е важно да си направите строг дневен распоред за тоа како и кога ќе ги извршувате Вашите работни обврски. Без разлика дали имате флексибилни или одредени работни часови, распоредете ги обврските на начин што ќе имате простор и време да се посветите на Вашето физичко и ментално здравје. Еве како изгледа мојот распоред:

  • 08:00 – Се будам и се рассонувам.
  • 08:30 – Го вклучувам компјутерот, си правам кафе, скролам, проверувам меил и апдејти од клиенти.
  • 09:00 – Распоредувам задачи за тимот и почнувам со работа.
  • 10:30 – Време е за доручек!
  • 11:00 – Продолжувам со работа со пауза на секои 30 до 40 минути за истегнување и раздвижување.
  • 17:00 – Ручек, па пауза од најмалку 1 час од екран. Планирање на активности за остатокот од денот.

#2: Направете си работен простор и работете само од таму

Работење од кревет со лаптопот во скут или лежејќи можеби понекогаш знае да биде примамлива идеја, но тоа е сигурен начин да Ве направи мрзливи, непродуктивни и неорганизирани. Според огромен број студии, докажано е дека работата од дома сама по себе знае да прави проблеми со спиењето, а уште повеќе кога спалната соба Ви претставува и работна соба.

При работење во спалната соба, наскоро може да забележите дека всушност таа просторија ја асоцирате со чувство на будност и спремност за работа, а не за релаксација и добар сон. Кога ќе имате работен простор опремен со сè она што Ви е неопходно и сè што Ви причинува задоволство е еден начин да се мотивирате на дневна база. Еве неколку MUSTS за комотно работење:

  • Широко биро: Биро што ќе ги поддржува Вашите раце и лактови и ќе се грижи за целосното држење на телото, а во исто време ќе имате доволно простор за нотес, пенкала, таблет или сè друго што Ви е потребно.
  • Комфорен стол: За поддршка на грбот, вратот и кичмата и комотно работење во долгите часови. Барајте стол кој има цврста поддршка на долниот дел од грбот.
  • Добри звучници: Без колегите наоколу да размените збор два, работната атмосфера е тивка и е потребно добро озвучување за Вашите омилени Spotify Lo-Fi плејлисти да Ве држат во позитивно и продуктивно расположение.

#3: Закажувајте средби со тимот или работете со други фриленсери

Без разлика на тоа колку добар распоред на денот ќе си направите, со текот на времето ќе Ви здосади да бидете сами пред компјутерот без да има некој околу Вас. Освен муабети, ќе може да размените и идеи, мислења и ставови, што е неопходно за раст на лично ниво. Доколку работите во тим, оставете ги Zoom состаноците на страна и одете на ручек или коктели. Доколку работите како фриленсер, сигурно познавате уште некој фриленсер, па договорете се и работете заедно од време на време. Ќе научите нешто ново што ќе може да го имплементирате во Вашата работа, а најважно од сè ќе излезете од монотоното секојдневние.

#4: Испланирајте барем една физичка активноста на ден

Физичките активности се особено важни за оние како нас чија работа вклучува долги часови седење пред компјутер. Можеби поради ситуацијава на почетокот со затварањето на теретаните и ограничувањето на движење после 19:00 часот беше навистина тешко да вметнете физичка активност во денот, но сега веќе можете. Без разлика дали ќе е шетање на куче, трчање, играње спорт или вежбање во теретана, излезете од дома и бидете активни.

Настрана од бенефитите кои ги има за Вашето физичко здравје, физичките активности се одлична можност да го задржите Вашето ментално здравје во добра состојба. Најголемиот бенефит за Вашето ментално здравје од физички активности е тоа што Ви дава огромно чувство на исполнетост. Исто така ќе се чувствувате и поенергични во текот на денот при извршување на работните обврски, ќе спиете подобро, а и ќе се чувствувате порелаксирано.

#5: Ставете работно време од-до на Slack/Microsoft Teams

Доколку сте во некоја ИТ компанија, шансите се големи дека користите една од овие две алатки за комуникација со тимот. Клиентите знаат да пишуваат кога нив најмногу им одговара, но доколку не станува збор за некоја итна ситуација (пример сте наместиле $1,000 на реклама дневно, а требало $10), треба да се чувствувате комфортно да не им одговорите на пораката САМО ДОКОЛКУ претходно ги имате известено за Вашите работни часови, или часови во кои сте достапни.

За корисниците на Slack

Slack е несомнено подобрата од двете во скоро па сите погледи, но за мали компании е скапа и неисплатлива инвестиција. За да ги исклучите нотификациите после Вашите достапни часови, еве што треба да направите:

Од тука ќе имате можност да си поставите Ваш кустомизиран распоред за работни денови, за цела недела или само за време на викенди.

За корисниците на Microsoft Teams

Во апликацијата која што во моментот е несомнено една од најпопуларните во државата, има неколку екстра чекори што треба да ги направите за да ги исклучите нотификациите. Важно: за разлика од Slack, исклучувањето на нотификациите од Microsoft Teams важи само за телефонот. Од десктоп, наједноставно ќе биде да ја исклучите програмата и да ги исклучите и-меил известувањата за пропуштена порака. Еве како да ги исклучите и-меил нотификациите:

Тоа беа моите 5 совети за да го заштитите Вашето ментално здравје. Дали имате некој Ваш совет што имате да го споделете со другите remote workers?