Добивање реална слика за пазарот на труд со помош на Data Mining
- ноември 10, 2023
- Објавено од: Gligor Rizov
- Категорија: Bootcamps Data Mining
За многумина, темата Data Mining е се уште нова и непозната. Затоа, ние во SMX се посветивме да обезбедиме што е можно повеќе информации со цел нашата публика да ја добие вистинската претстава за можностите со data mining.
Во нашите претходни блог објави зборувавме за Што е Data Mining, како и за 3 практични примери за користење на Data Mining, во кои поопширно го опишавме целиот процес и како може да им користи на компаниите.
Сакајќи да го искористиме потенцијалот на техниките што се користат во Data Mining, нашиот тим доста размислуваше како можеме да ги искористиме во реален проект од кој ќе имаат бенефит учесниците на буткампот за Data Mining, но и сите наши поранешни, сегашни и идни студенти кои сакаат да имаат подобра слика за можностите на пазарот.
Токму затоа, проектот за кој се одлучивме е изработка на платформа која добива информации во реално време за пазарот на труд во Македонија. Користејќи ги техниките за собирање податоци со програмскиот јазик Python, ќе можеме да ги добиваме податоците од најголемите веб страни за огласи за работа, при тоа сегментирајќи ги според претходно одредени категории.
Оваа идеја ја дискутиравме и со нашиот ментор, Ненад Ристов, кој веќе уште малку 4 години е инструктор во SMX и имаме организирани голем број на обуки со програмскиот јазик Python. Благодарение на неговото искуство и неговата експертиза во процесот на влечење и собирање податоци од внатрешни и надворешни извори, заклучивме дека ваквиот проект може да биде многу корисен за учесниците на буткампот.
Што ќе научат учесниците на буткампот за Data Mining преку овој проект:
- Собирање и чистење на податоци
- Што е тоа web scraping и како се собираат податоци од други веб страни
- Изработка на веб апликација
- Распоредување на податоците во веб апликацијата во реално време
Проектот ќе започне со изработка при крај од 3 месечниот сегмент од буткампот каде ќе имаме редовни предавања, за потоа да имаме 1 месец каде ќе се работи само на проектот, без активни предавања, за да можат учесниците максимално да се посветат на изработката и кодирањето. Во овој дел ќе имаме неделни состаноци со инструкторот каде ќе се адресираат главните проблеми и недоразбирања за да се постигне со материјалот и проектот.
Доколку сакаш да бидеш дел од буткампот за Data Mining и да добиеш шанса да работиш на реалниот проект, прочитај повеќе на нашата страна и поднеси апликација за повеќе информации.