Блог
Student Experience – Алекса Петровиќ – учесник на Data Analysis Академија
- август 6, 2026
- Објавено од: administratorskarabota
- Категорија: Data Analysis Student Experience
Во современиот бизнис, економијата и анализата на податоци се сè повеќе поврзани. Од финансиски анализи и буџетирање, до продажба, извештаи и носење деловни одлуки, компаниите сè почесто се потпираат на податоци за подобро планирање и носење одлуки.
Токму затоа, Алекса Петровиќ одлучи своето претходно знаење и искуство во економијата да го надгради со современи алатки за анализа на податоци. Преку Data Analysis Академијата стекна практични знаења за SQL, Power BI и Python, доби европски сертификат и изгради аналитички пристап што му отвора нови можности за професионален развој во сè подигиталното деловно опкружување.
Во продолжение прочитајте го неговото искуство.
1. Каква беше вашата почетна точка и што ви остави најголем впечаток од програмата?
Искуството со Академијата беше исклучително позитивно. Најголем впечаток ми оставија работата на реални примери и можноста да учам од одлични ментори, што целиот процес го направи многу ефикасен, динамичен и практичен.
2. Што ве поттикна да се запишете на програмата и кој беше главниот предизвик?
Главната мотивација ми беше желбата моето претходно знаење и искуство во економијата да го надградам со технички алатки за работа со податоци, како што се SQL, Power BI и Python.
Програмата целосно ги исполни моите очекувања и ми овозможи да стекнам практични знаења што можат веднаш да се применат во реални деловни ситуации.
3. Дали Академијата донесе конкретни резултати кај вас?
Да. Покрај практичните вештини за обработка и анализа на податоци, за мене најголема придобивка беше развивањето аналитички начин на размислување и пристап кон решавање на проблеми.
Овие знаења ми дадоа поголема сигурност и поширока перспектива за тоа како податоците можат да се искористат при носење деловни одлуки.
4. Што би им порачале на луѓето кои размислуваат да се запишат на оваа обука?
На сите кои сакаат да направат чекор напред во својата кариера или да влезат во светот на анализата на податоци, Data Analysis Академијата на SMX Academy е одличен избор.
Алекса покажува дека анализата на податоци не е корисна само за ИТ професионалци. Денес, овие вештини имаат широка примена во економија, финансии, сметководство, продажба, маркетинг и многу други области каде што одлуките се носат врз основа на податоци.
Доколку сакате да стекнете практични знаења, да работите со Excel, SQL, Power BI и Python, да учите преку реални проекти и да добиете европски сертификат, Data Analysis Академијата е одличен избор за развој на вашата кариера.
👉 Дознајте повеќе за програмата: https://smx.mk/live/akademija-data-analysis/