Student Experience – Андреа Јовановска – учесничка на обуката за Внатрешен дизајн
- септември 24, 2026
- Објавено од: administratorskarabota
- Категорија: AutoCAD и 3ds Max Bootcamp Student Experience

Кога дизајнот е нешто со кое сакаш да се занимаваш долгорочно, вистинската обука може да биде првиот конкретен чекор кон таа цел. За Андреа Јовановска, обуката за Внатрешен дизајн беше можност да стекне практични знаења и вештини во AutoCAD и 3ds Max.
Во продолжение прочитајте го нејзиното искуство.
1. Што Ви остави најголем впечаток од обуката?
Најголем впечаток ми остави пристапот на предавачите. Навистина се трудеа да го пренесат знаењето и да ни помогнат да научиме, наместо само формално да ги одржат предавањата.
Нивната посветеност и поддршка беа еден од највредните делови од целото искуство.
2. Што Ве мотивираше да се запишете и дали обуката ги исполни Вашите очекувања?
Одамна сакав да се запишам на ваква обука бидејќи дизајнот е нешто со кое сакам да се занимавам во иднина.
Дополнителна мотивација ми беше Early Bird понудата, преку која при запишувањето добив и четири дополнителни курсеви по мој избор. За мене тоа беше понуда што не сакав да ја пропуштам, а обуката во целост ги исполни моите очекувања.
3. Кои знаења ги сметате за најкорисни за Вашите кариерни цели?
AutoCAD го совладав во целост и тоа за мене е голем плус. 3ds Max ми беше поголем предизвик поради обемноста на самата програма, но знаењето за изработка на 3D визуелизации и рендери верувам дека многу ќе ми помогне во остварувањето на моите кариерни цели.
4. Што би им порачале на оние кои размислуваат да се запишат?
Топло би им ја препорачала обуката на сите кои сакаат полесно и побрзо да го направат првиот чекор кон кариера во дизајнот на ентериер.
Во текот на обуката ќе имаат поддршка од менторите и тимот на академијата, што многу значи кога учите нови алатки и започнувате во оваа област.
По завршувањето, учесниците се стекнуваат и со европски CPD сертификат, меѓународно препознатлив како потврда за професионален развој.
👉 Дознајте повеќе за обуката за Внатрешен дизајн:
vnatresen-dizajn.smx.mk