Student Experience – Ане Животиќ – учесничка на Product & Project Management Bootcamp
- септември 22, 2026
- Објавено од: administratorskarabota
- Категорија: Product & Project Management Bootcamp Student Experience

Развојот и управувањето со еден производ или проект бараат разбирање на повеќе фази – од потребите на корисниците и поставувањето цели до планирањето, реализацијата и мерењето на резултатите.
Со желба професионално да се надгради и подобро да го разбере целиот процес, Ане Животиќ се запиша на Product & Project Management Bootcamp.
Нејзиното претходно искуство во продажба и работа со клиенти ѝ помогнало стекнатото знаење да го поврзе со реални ситуации и да погледне на производите и проектите од повеќе различни перспективи.
Во продолжение прочитајте го нејзиното искуство.
1. Какво беше вашето искуство со Product & Project Management Bootcamp?
Искуството со Product & Project Management Bootcamp беше навистина позитивно и корисно.
Најмногу ми се допадна практичниот пристап и тоа што не останавме само на теорија, туку имавме можност стекнатото знаење да го примениме преку конкретни задачи и проект.
Особено ми остави впечаток начинот на кој научивме да гледаме на еден производ од различни перспективи – од потребите на корисниците, преку анализа и планирање, до неговата реализација и мерење на резултатите.
2. Што ве мотивираше да се пријавите и дали обуката ги исполни вашите очекувања?
Главната мотивација ми беше желбата да се надградам професионално и да стекнам нови знаења што можам да ги применам во понатамошната кариера.
Доаѓам од продажба и работа со клиенти, па сакав подобро да го разберам целиот процес на развој и управување со еден производ или проект.
Обуката целосно ги исполни моите очекувања, а во одредени делови и ги надмина, особено поради практичната работа и можноста да научам како да им пристапувам на проблемите од Product и Project перспектива.
3. Кои знаења и вештини ги сметате за најкорисни?
Најкорисни ми беа знаењата поврзани со User Research, анализа на потребите на корисниците, поставување Product Vision, Roadmap и KPI, како и начинот на структурирање и планирање на еден проект.
Многу ми значеше и тоа што научив како една идеја да се претвори во конкретен производ или решение со јасно дефинирани цели, корисници, приоритети и мерливи резултати.
4. Што би им порачале на луѓето кои размислуваат да се пријават?
Би им ја препорачала обуката на сите кои сакаат да излезат од својата комфорна зона и да стекнат практични знаења.
Не мора да бидете Product или Project Manager за програмата да ви биде корисна. Знаењата можат да се применат во различни области, особено во продажба, маркетинг, менаџмент и работа со клиенти.
Најважно е да бидете подготвени да учите, да поставувате прашања и активно да учествувате, бидејќи токму практичниот дел е она што ја прави обуката вредна.
За Ане, Product & Project Management Bootcamp бил можност претходното искуство во продажба и работа со клиенти да го надгради со пошироко разбирање на развојот и управувањето со производи и проекти.
Преку практичните задачи таа научила како да ги анализира потребите на корисниците, да поставува цели, приоритети и мерливи резултати и да размислува од Product и Project перспектива.
Сакате подобро да разберете како една идеја се претвора во конкретен производ или проект?
Погледнете ја програмата и дознајте повеќе за темите, практичната работа и пријавувањето.
📖 Разгледајте ја програмата и пријавете се: https://project.smx.mk/