Student Experience – Ангела Василевска – учесничка на Bootcamp за Внатрешен дизајн
- мај 20, 2026
- Објавено од: administratorskarabota
- Категорија: AutoCAD и 3ds Max Bootcamp Student Experience
Креативноста и желбата за уредување простор кај неа постоеле одамна, но ѝ недостигале практично знаење и сигурност како своите идеи да ги претвори во конкретни проекти. Преку Bootcamp програмата за Внатрешен дизајн доби можност да научи нови алатки, да развие практични вештини и да стекне појасна слика за тоа како изгледа работата во оваа индустрија.
Во продолжение прочитајте како изгледало нејзиното искуство.
1. Каква беше вашата почетна точка и што ви остави најголем впечаток за време на програмата?
Мојата почетна точка беше целосен почетник со голема желба за внатрешен дизајн. Најголем впечаток ми остави посветеноста и достапноста на менторите, кои трпеливо го пренесуваа знаењето и беа тука за сите прашања во текот на програмата.
2. Што ве поттикна да се запишете на програмата и кој беше главниот предизвик?
Најголем поттик беше мојата долгогодишна желба да се занимавам со внатрешен дизајн. Главен предизвик за време на програмата ми беше завршниот проект, но токму преку тој процес научив многу и стекнав поголема сигурност во својата работа.
3. Дали Bootcamp-от доведе до конкретни резултати кај вас?
Bootcamp-от ми донесе нови практични знаења и вештини кои верувам дека ќе ми помогнат во идната професионална кариера. Сега имам многу поголема самодоверба кога станува збор за работа на проекти за внатрешен дизајн и разбирање на целиот процес на дизајнирање простор.
4. Што би им порачале на луѓето кои размислуваат да се запишат на оваа обука?
Ако сакате да научите како да дизајнирате простор и да развиете практични вештини од внатрешен дизајн, топло би го препорачала овој Bootcamp. Програмата нуди знаење што можете веднаш да го примените и е одлична можност за сите кои сакаат да го направат првиот сериозен чекор во оваа област.
Приказната на Ангела покажува дека желбата, креативноста и вистинската поддршка често се најдобрата комбинација за нов почеток. Преку Bootcamp-от успеа да стекне практично искуство, да развие сигурност во работата и да направи важен чекор кон професионален развој во областа на внатрешниот дизајн. За неа ова не беше само курс, туку искуство што ѝ отвори нови знаења и можности за иднината.