Student Experience – Ања Урбан (Буткамп за видео обработка)
- септември 25, 2024
- Објавено од: Hristina Kolova
- Категорија: Video editing Video Students Experience
Секогаш инвестирајте во своето знаење, никогаш не е доволно – порака до сите читатели од Ања Урбан, студент на 3-месечниот Video editing bootcamp во SMX Academy. Денес слушаме од Ања за нејзиното искуство за време на овој буткамп кој на Ања покрај знаењето и донесе и пракса во SMX…
Накратко запознај не со тебе? Дали имаш претходно знаење во видео обработка?
Моето име е Ања Урбан, имам 22 години и живеам во Скопје. Студент сум на Универзитет Скопје и студирам економија. Во видео обработка немав никакво претходно искуство.
Зошто се одлучи да го унапредиш своето знаење во видео обработка?
Уште во основно училиште посебен интерес ми побудуваше дизајнирањето на проектите кои што ги работев. Со тек на време желбата беше поголема, па така почнав на мои блиски пријатели да им помагам во рекламирање. Со тоа се јави уште поголема желба за попрофесионално усовршување преку академија.
Како дозна за SMX? Која беше главната мотивација за да го избереш SMX како едукативен центар?
За SMX академијата дознав сосема случајно преку социјалните мрежи. Најголема мотивација при одбирање на SMX академијата ми беа online предавањата и темите кои за кратко време се обработуваат, а најмногу заради праксата што следува по теоретскиот дел, бидејќи верував дека баш поради тоа ќе ги унапредам моите дигитални вештини за многу кус период.
Од обработените модули, Premiere Pro и After Effects, кој модул ти беше најинтересен и зошто?
Двата. Преинтересни се и неможат еден без друг.
Дали можеш да ни издвоиш некој предизвик во моменталниот тек од Буткампот и како го надмина истиот?
Предизвик беше финалниот проект за Windmill Visual во кој се трудев сето тоа што го научив за време на Буткампот да го преточам во истиот. Со јака мотивација и желба да го дадам најдоброто од мене го надминав мојот најважен предизвик во текот на целиот Буткамп.
Како би го опишал твоето искуство на Буткампот за видео обработка?
Многу интересно креативно патување, посебно со помош на стручниот ментор кој на многу лесен и практичен начин ни ги пренесе своите знаења и ни помогна да ги совладаме вештините во Видео обработка.
Која би била твојата порака до идните заинтересирани студенти за Буткампот за Видео обработка во SMX?
Секогаш инвестирајте во своето знаење, никогаш не е доволно.