Student Experience (Академија за програмирање) – Бојан Димоски
- ноември 9, 2022
- Објавено од: Hristina Kolova
- Категорија: Full-Stack Програмирање Fullstack програмирање со JS Успешни приказни
Разговаравме со Бојан Димоски, студент на Академијата за програмирање која зарши во месец Октомври, оваа година. “Според мене, знаењето е инвестиција во животот, инвестиција која никогаш не му носи загуба на човекот, напротив!”, вели Бојан, а токму овие зборови се наша мотивација да продолжиме да споделуваме знаење и создаваме можности за многу млади таленти во Македонија да ги остварат своите кариерни соништа.
Токму поради сето ова, организираме и трета по ред Академија за Програмирање во SMX за која уписите се во тек!
1. Кое е твоето претходно искуство? Доколку немаш претходно искуство, напиши ни повеќе за твоите интереси и кариерни аспирации?
Моето претходно искуство во областа што ја обработува академијата беше многу мало. Но, мојата желба и мојот интерес за оваа област беа големи, поради што впрочем и аплицирав за упис во академијата.
2. Кој беше твојот главен мотив да инвестираш во своето знаење?
Според мене, знаењето е инвестиција во животот, инвестиција која никогаш не му носи загуба на човекот, напротив!
3. Што откри за себе како резултат на запишувањето во академијата?
Желбата и трудот кој го вложив успешно да ја завршам академијата, ме направија умствено побогат млад човек, човек посигурен во себе заради новите знаења, уште поамбициозен и човек со одредена доза на сигурност во својата иднина.
4. Која специфична карактеристика најмногу ти се допадна во самата програма?
Ангажираноста на предавачите да го предадат своето знаење преку различни примери и нивната достапност за консултации во секое време.
5. Дали би ја препорачал оваа Академија и зошто?
Со задоволство би ја препорачал оваа Академија, бидејќи стекнавме големо знаење во релативно краток период, предавачите, кои одлично го пренесуваат своето знаење, присуството на асистентот (Игор) кој помагаше никој да не заостанува во текот на предавањата и поради добрата организираност на целата академија.
6. Кој модул до сега ти се допадна најмногу и зошто?
Најмногу ми се допадна делот со react.js поради целата среденост и прегледност на документите, како и можноста една компонента да се користи на повеќе места (reusable components).
7. Кој проект што го работевте на Академијата ти претставува најинтересен предизвик и зошто?
Најинтересен предизвик ми беше последниот проект (Houzez), бидејќи во него го применивме целото нашето знаење стекнато на академијата и научивме многу нови нешта.
Уписите на третата по ред Академија за Програмирање се во тек! Аплицирај до 20ти Ноември и добиј: целосна стипендија или полустипендија, на следниов линк.