Student Experience (Академија за програмирање) – Дарко Стојановски
- ноември 30, 2022
- Објавено од: Hristina Kolova
- Категорија: Full-Stack Програмирање Fullstack програмирање со JS Успешни приказни
Дали би ја препорачал оваа Академија и зошто? – “Да, заради поголемиот дел предавачи, нивната достапност, посветеност и компетентност.”
Примарната цел на Академијата за програмирање во SMX која ја организираме и оваа година е да обезбедиме квалитетна едукација за многу млади таленти пренесена од искусни и посветени ментори.
Денес разговараме со Дарко Стојановски, студент на Академијата за Програмирање 2021/2022, а уписите за новиот термин 2022/2023 и Early Bird понудата се сеуште во тек.
1. Накратко запознај не со тебе? Кое е твоето претходно искуство?
Имам завршено средно техничко училиште КТА компјутерска техника и автоматика. Во Романија завршив факултет и сум дипломиран ижинер во електроника, комуникации и инфроматика. Во моето претходно искуство повеќе имаше теоретско стекнато знаење со наставните предмети, а помалку со пракса по некои. Моите професионални интереси и кариерни аспирации се движат во полето на професионалното програмирање.
2. Кој беше твојот главен мотив да инвестираш во своето знаење?
Програмата што се презентираше и мотивот што по завршувањето на истата ќе го работам на тоа што го сакам.
3. Што откри за себе како резултат на запишувањето во Академијата?
Почнав многу повеќе да го почитувам моето време посебно кога треба нешто самостојно или заеднички да сработам, како и времето на сите вклучени учесници во обуката.
4. Што би истакнал како позитивно искуството од Академијата?
Достапноста на сите предавачи, нивната конструктивност, спремност за добивање иформации, одговори и предлози.
5. Кој беше твојот главен мотив да инвестираш во своето знаење?
Програмата што се презентираше и мотивот што по завршувањето на истата ќе го работам на тоа што го сакам.
6. Што откри за себе како резултат на запишувањето на Академијата?
Почнав многу повеќе да го почитувам моето време посебно кога треба нешто самостојно или заеднички да сработам, како и времето на сите вклучени учесници во обуката.
7. Која специфична карактеристика најмногу ти се допадна во самата програма?
Достапноста на сите предавачи, нивната конструктивност, спремност за добивање иформации, одговори и предлози.
8. Кој модул до сега ти се допадна најмногу и зошто?
Конкретно со React, како функционира, флексибилноста, колку почитливо е и користењето на react-hooks за полесни промени во state values.
9. Кој проект што го работевте на Академијата до сега ти претставува најинтересен предизвик и зошто?
Space-app и Charity-page. Се правевме сами, начинот на соработката, пристапот па се до како ѓи решававме проблемите.