Student Experience – Флорина Агуши Фетау – учесничка на Product & Project Bootcamp
- јуни 4, 2026
- Објавено од: Анета Костадинова
- Категорија: Student Experience Успешни приказни
Product & Project Management денес претставува една од најбараните вештини за професионалци кои сакаат подобро да организираат процеси, проекти и тимови. Токму затоа Флорина Агуши Фетау одлучила да стане дел од Product & Project Bootcamp програмата, каде преку практична работа и реални сценарија стекнала нови знаења и алатки за поефикасно управување со секојдневните предизвици.
Ја прашавме Флорина што научила за време на програмата и како тоа влијаело врз нејзиниот професионален развој.
1. Каква беше вашата почетна точка и што ви остави најголем впечаток од програмата?
Моментално работам како Team Lead во B2C и B2B компанија, каде секојдневно сум вклучена во работа со тимови, организација на процеси и оперативни активности. Најголем впечаток од програмата ми остави тоа што ми помогна подобро да ги разберам Product и Project Management принципите и начинот на кој тие можат практично да се применат.
2. Што ве поттикна да се запишете на програмата и кој беше главниот предизвик?
Ме поттикна желбата да ги надградам моите лидерски и организациски вештини, како и да стекнам пошироко разбирање за управување со проекти и производи.
Главниот предизвик беше да излезам од рамките на моето секојдневно оперативно работење и да размислувам повеќе стратешки и структурирано. Токму тоа ми помогна да добијам појасна слика за процесите и да пристапувам поефикасно кон секојдневните задачи и одлуки.
3. Дали Bootcamp-от доведе до конкретни резултати кај вас?
Bootcamp-от ми донесе конкретна вредност, особено во делот на практичните алатки, подобро организирање на процеси и поголема сигурност во донесување одлуки.
Знаењата од програмата ми помогнаа и во мојата тековна улога, особено во подобро планирање, приоритизација и тимска координација. Тоа ми овозможи поефикасно да управувам со задачите и да придонесам за подобри резултати во тимот.
4. Што би им кажале на луѓето кои размислуваат да се запишат на оваа обука?
На луѓето кои размислуваат да се запишат би им рекла дека ова е одлична програма за секој што сака да стекне практично знаење и да ги надгради своите професионални вештини, без разлика дали веќе работи во менаџмент или сака да направи следен кариерен чекор.
Практичната примена на знаењата, стратешкиот пристап кон решавање предизвици и подоброто разбирање на Product и Project Management концептите и помогнаа на Флорина дополнително да се развива во својата професионална улога. Преку програмата таа стекна нови перспективи, практични алатки и поголема сигурност во организацијата на процеси, координацијата на тимови и донесувањето одлуки.