Student Experience – Иван Ѓоргиев – Учесник на Social Media Marketing Bootcamp
- декември 30, 2024
- Објавено од: Gligor Rizov
- Категорија: Uncategorized
„Светот оди напред, а дигиталните алатки стануваат неизоставен дел од нашиот живот.“
Со овие инспиративни зборови започна своето патување Иван Ѓоргиев, еден од успешните учесници на Social Media Marketing Bootcamp во SMX Academy. Иван, кој верува дека секојдневното учење е клучот за личен и професионален напредок, ја избра оваа програма за да ги совлада најважните алатки во дигиталниот маркетинг. Во овој блог, ќе дознаете како Bootcamp-от му помогна да го прошири своето знаење, да изгради нови вештини и да започне кариера во светот на социјалните медиуми.
- Како дозна за SMX Academy?
За SMX дознав преку Инстаграм и преку пребарување на Google
2. Запознај не со тебе – кој е Иван и зошто 3-месечен Bootcamp за Social Media Marketing?
Личност која има 24 години и која верува дека може светот да го направи подобро место за живееење, место во кое се е возможно и ги исполнува сите. Поради тоа верува дека секојдневното учење на нови нешта не прави подобро луѓе, бидејќи со поголемо разбирање на светот и неговите дејствија, доаѓаме до поголемо разбирање на луѓето и нивната улога.
SMM Bootcamp избрав поради тоа што светот оди напред и само прашање на време е кога сите процеси ќе станат дигитални и remote. SMM Bootcamp претставува вовед во еден од најважните алатки во дигиталниот свет- Маркетинг
3. За време на овој Bootcamp ги изучувавте сите социјални медиуми – како ова се одрази на твоето знаење во маркетингот на социјалните медиуми?
Благодарение на овој Bootcamp изучив доста многу работи како: изучување на правилен начин на креирање на виртуелни содржини, алгоритми и менањирање на профил, што ми помогна многу при моето вработување на моменталната позиција: Sales
4. Дали со помош на Модулот за креирање на WordPress страници научи како да создадеш Веб страна од почеток?
Секако дека да, благодарение на тој модул креирав 2 страни кои се користат
5. Споредбено помеѓу органските и платените стратегии на Фејсбук и Инстаграм, кои стратегии или техники според тебе сега се најефикасни во максимизирањето на интеракцијата и конверзиите?
Сметам дека органската стратегија треба да е приоритет бидејќи таа е она што задржува и привлекува внимание, а платените стратегии се само алатка и метод за промовирање на органската.
6. Во текот на последниот месец работевте на реални проекти за клиенти на Roccad Marketing Agency & EonEden Marketing Agency, издвој ни еден проект кој ти беше најголем предизвик?
Market Research, бидејќи е најклучниот момент во самиот бизнис и креирање на стратегии
7. Гледајќи на целокупното искуство со овој Bootcamp колку сметаш од 1-10 дека те подготви за идна кариера како Soical Media Manager?
12 🙂
8. Кои се твоите планови за во иднина – дали ќе продолжиш со кариера во Social Media Management?
Да, активно се бавам со тоа за мој личен мал бизнис, а ќе продолжам и понатаму
Иван Ѓоргиев е одличен пример за тоа како една одлука може да го промени текот на кариерата. Со новостекнатите вештини за креирање содржина, работа со алгоритми и управување на профили, тој не само што ја надгради својата експертиза туку и започна сопствен пат како Social Media Manager.
Дали и вие сте подготвени да направите чекор напред во вашата кариера? Следниот Social Media Marketing Bootcamp започнува на крајот на јануари – идеална можност да ги совладате најважните алатки и стратегии за успех во дигиталниот свет.
📩 Резервирајте го вашето место денес и станете дел од приказната за успех!