Student Experience – Марија Димитриевска – учесничка на HR Bootcamp
- септември 24, 2026
- Објавено од: administratorskarabota
- Категорија: Bootcamp за Човечки ресурси HR Bootcamp Student Experience

Преселбата во друга држава не мора да значи пауза во професионалниот развој. За Марија Димитриевска, online форматот на HR Bootcamp ѝ овозможи да продолжи со обуката и по преселбата во Германија, а практичните знаења да ги искористи како подготовка за следниот чекор во HR кариерата.
Во продолжение прочитајте го нејзиното искуство.
1. Какво беше Вашето искуство со HR Bootcamp и што Ви остави најголем впечаток?
Моето искуство со HR Bootcamp беше многу позитивно. Најмногу би ја издвоила посветеноста на менторките, кои секогаш беа достапни за прашања и подготвени да го споделат своето долгогодишно HR искуство.
Голема предност за мене беше online форматот. Се преселив во странство токму кога започнавме со Bootcamp-от, но без проблем продолжив да ги следам предавањата. Работата во помали групи овозможи и поголема посветеност на секој учесник.
2. Што Ве мотивираше да се запишете и дали обуката ги исполни Вашите очекувања?
Како дипломиран психолог веќе имав теоретска основа од организациската и психологијата на трудот, но сакав да ја надградам со практични HR знаења.
Преку вежби и студии на случај работевме на реални организациски ситуации, што ми помогна теоријата да ја поврзам со практиката.
Дополнителна мотивација ми беше европскиот CPD сертификат, кој ми е дополнителна вредност при барање работа во HR во Германија.
3. Кои знаења и вештини ги сметате за најкорисни?
Особено би ги издвоила процесот на регрутација, ефективната HR комуникација со вработените, привлекувањето и задржувањето таленти и создавањето инклузивна и одржлива организациска култура.
Секој дел од програмата се надоврзува на следниот и ми даде практична основа што можам понатаму да ја надградувам во мојата HR кариера.
4. Што би им порачале на оние кои размислуваат да се запишат?
Топло би го препорачала HR Bootcamp на сите кои сакаат да започнат или да се развиваат во областа на човечките ресурси.
За мене, програмата беше можност теоретското знаење од психологијата да го надградам со практична HR перспектива, но и да стекнам основа за понатамошниот професионален развој и мастер студиите што планирам да ги продолжам во Германија.
Online форматот ми овозможи без проблем да ги следам предавањата и по преселбата во странство, а европскиот CPD сертификат ми е дополнителна вредност при барање работа во HR во Германија. Моето искуство со HR Bootcamp беше многу позитивно.
👉 Дознајте повеќе за HR Bootcamp:
hr.smx.mk