Student Experience – Марија Соклевска – учесничка на Product & Project Bootcamp
- мај 20, 2026
- Објавено од: administratorskarabota
- Категорија: Product & Project Management Product & Project Management Bootcamp Student Experience
Желбата за подобра организација, појасна структура во работа и премин кон менаџерска улога ја поттикнале Марија да се запише на Product & Project Bootcamp програмата. Преку реални симулации, Agile и Scrum пристап и работа на тимски сценарија, добила подобро разбирање за тоа како изгледа улогата на Product и Project Manager — од поставување приоритети и организација на задачи, до комуникација со тим и носење одлуки во реална работна средина.
Европскиот сертификат за неа претставувал дополнителна мотивација и вредност што може да отвори нови професионални можности и поголема конкурентност на пазарот на труд.
Во продолжение прочитајте како изгледало нејзиното искуство.
1. Каква беше вашата почетна точка и што ви остави најголем впечаток од програмата?
На програмата се запишав со цел да стекнам нови знаења и практични вештини од областа на Product & Project Management. Најголем впечаток ми остави добро организираната програма, практичниот пристап кон учењето и реалните симулации кои помогнаа многу полесно да се разбере како изгледа работата во оваа улога. Преку конкретни ситуации и задачи добив подобра слика за процесите, комуникацијата и организацијата што се потребни во реална работна средина.
2. Што ве поттикна да се запишете на програмата и кој беше главниот предизвик?
Сакав да научам како подобро да организирам задачи, да поставувам приоритети и поефикасно да управувам со процеси и проекти. Најголем предизвик ми беше да започнам да размислувам поструктурирано и да ги применувам новите методи во реални ситуации, но токму преку практичните задачи и менторската поддршка тој процес стана многу полесен.
3. Дали Bootcamp-от доведе до конкретни резултати кај вас?
Bootcamp-от ми донесе поголема сигурност и знаења кои можам директно да ги применам во секојдневната работа, особено во делот на организација, планирање и поставување приоритети. Дополнително, стекнав и европски сертифициран сертификат кој претставува дополнителна вредност и отвора нови професионални можности.
4. Што би им кажале на луѓето кои размислуваат да се запишат на оваа обука?
Програмата би ја препорачала на секој што сака професионално да се развива, да стекне практични вештини и да работи поефикасно. Освен корисното знаење, добивате и практичен пристап што може веднаш да се примени во работа и секојдневни проекти.
Приказната на Марија покажува колку практичната работа, реалните симулации и правилната менторска поддршка можат да помогнат некој да изгради поголема сигурност и професионален пристап кон Product & Project Management. Преку Bootcamp програмата таа успеа да стекне знаења што може веднаш да ги примени во работата и подобро да ги разбере процесите и одговорностите во оваа професија.