Student Experience – Марина Ристеска (HR Bootcamp)
- јули 2, 2025
- Објавено од: Глигор Ризов
- Категорија: HR Bootcamp Student Experience

Ништо не е повредно од одлуката да инвестираш во себе, особено кога станува збор за алатки и знаења кои можат веднаш да се применат. Во време кога сè се менува со голема брзина, практичните вештини стануваат поважни од титулите. Преку SMX програмите, учесниците добиваат структура, насока и поддршка да се движат напред со самодоверба. Во овој текст ви пренесуваме реално искуство од една од нашите учеснички. Нејзиниот пат е одличен пример дека секој почеток е можен.
Накратко запознај не со тебе? Дали имаш претходно знаење во човечки ресурси?
Јас сум Марина Ристеска од Охрид и сум амбициозна и љубопитна личност која секогаш сака да учи и да се надградува. Претходно имав познавање од областа на човечки ресурси преку работно искуство и самостојно учење, но почувствував потреба да го систематизирам и унапредам моето знаење за да бидам поконкурентна и поефикасна во оваа област.
Зошто се одлучи да го унапредиш своето знаење во човечки ресурси?
Човечките ресурси се срцето на секоја организација. Тоа е вистинска врска помеѓу луѓето и целите на организацијата. Верувам дека со правилно управување со талентите, може да се постигнат одлични резултати на сите нивоа.
Како дозна за SMX? Која беше главната мотивација за да го избереш SMX како едукативен центар?
За SMX дознав преку препорака и социјалните мрежи. Главната мотивација ми беше практичниот пристап, фокусот на реални ситуации од пазарот и професионалноста на целата организација.
Од обработените модули, Стратешки HR, Правен HR и Ефективна комуникација во HR, кој модул ти беше најинтересен и зошто?
Модулот за Правен HR ми беше најинтересен затоа што ми даде конкретно знаење за работното законодавство, обврските на работодавачите и правата на вработените. Тоа ми помогна да разберам колку е важно HR да биде усогласен со законите и регулативите во секојдневната практика.
Дали можеш да ни издвоиш некој предизвик во моменталниот тек од Bootcamp-от и како го надмина истиот?
Предизвик ми беше да се прилагодам на интензивното темпо и да балансирам со другите обврски. Имав момент кога се почувствував преоптоварено од новите информации, но ми помогна тоа што почнав да ги запишувам најважните поенти и да поставувам прашања.
Како би го опишала твоето искуство на Bootcamp-от за човечки ресурси?
Моето искуство на Bootcamp-от беше навистина трансформативно! Стекнав нови знаења и добив поддршка од мрежа на амбициозни и мотивирани луѓе. Bootcamp-от беше одлична комбинација од теорија, практика и личен развој. Особено би ги истакнала менторите: посветени, достапни и искрено заинтересирани да ни помогнат да растеме.
Која би била твојата порака до идните заинтересирани студенти за Bootcamp-от за Човечки ресурси во SMX?
Ако чувствувате дека HR е нешто што ве привлекува, следете го тој глас. SMX е вистинското место каде што ќе добиете знаење, поддршка и мотивација да растете, и професионално и лично.
Искуството на нашите учесници покажува дека кога ќе се вложиш во себе, резултатите следат. Со поддршка, ментори и конкретни вештини, секоја идеја може да се претвори во реалност. Без разлика дали си на почеток или во транзиција – ова е твоја можност. Вклучи се во следната група и направи го првиот чекор.