Student Experience – Миодраг Стојанов – учесник на Product & Project Management Bootcamp
- септември 24, 2026
- Објавено од: administratorskarabota
- Категорија: Product & Project Management Product & Project Management Bootcamp Student Experience

Од техничка експертиза до пошироко разбирање на продуктот, бизнисот и организацијата. За Миодраг Стојанов, Product & Project Management Bootcamp беше можност да излезе од чисто engineering перспективата и да го надгради своето долгогодишно искуство.
Во продолжение прочитајте го неговото искуство.
1. Каква беше Вашата почетна точка и што Ви остави најголем впечаток од програмата?
Кога се запишав, веќе имав долгогодишно искуство во engineering и водечка улога во технички тимови, но сакав подобро да ја разберам пошироката слика – како технологијата, продуктот, бизнисот и луѓето функционираат како една целина.
Најголем впечаток ми остави практичниот пристап и начинот на кој програмата те поттикнува да размислуваш надвор од сопствената функција: не само „како да го изградиме ова“, туку и „зошто го градиме, кој проблем го решаваме и како знаеме дека сме успеале“.
2. Што Ве поттикна да се запишете?
Главната мотивација ми беше следниот чекор во професионалниот развој. Сакав да излезам од чисто техничката перспектива и подобро да ги разберам Product Management, приоритизацијата, business impact-от и носењето одлуки на ниво на цела организација.
Најголемиот предизвик беше промената на перспективата – од решавање конкретен технички проблем кон балансирање на технологијата, роковите, продуктот, корисничката вредност и потребите на различни тимови.
3. Дали Bootcamp-от доведе до конкретни резултати?
Да, пред сè во начинот на кој пристапувам кон работата и носењето одлуки.
По програмата, мојата улога постепено се прошири кон работа со повеќе engineering тимови и нивните лидери, архитектура и техничка стратегија, организација на процесите и усогласување со продуктот и бизнисот.
Програмата не беше единствениот фактор за тој развој, но ми помогна да го структурирам знаењето и искуството што веќе го имав и да гледам на проблемите од поширока перспектива.
4. Што би им кажале на оние кои размислуваат да се запишат?
За мене најголемата вредност не беше само во теоријата или сертификатот, туку во тоа што програмата ме натера да излезам од сопствениот „engineering bubble“ и да размислувам за продуктот, корисникот и бизнисот како дел од ист проблем.
Особено би ја препорачал на луѓе кои веќе имаат искуство во својата област, но сакаат да преземат поголема одговорност и подобро да разберат како нивната работа се вклопува во целата организација.
По завршувањето на програмата, учесниците се стекнуваат и со европски CPD сертификат, меѓународно препознатлив како потврда за професионален развој.
👉 Дознајте повеќе за Product & Project Management Bootcamp:
project.smx.mk