Student Experience – Наде Лозанче (Video Editing Bootcamp)
- јуни 27, 2024
- Објавено од: Gligor Rizov
- Категорија: Video editing Video Students Experience
Вo SMX Academy оваа година го организиравме првиот Онлајн Bootcamp или Zoomcamp за Видео едитирање на кој учествуваа повеќе студенти од кои е и Наде, која што денес одлучи да ни го сподели своето искуство.
Во меѓувреме, информирај се повеќе за овој 3-месечен буткамп на следниов линк: https://smx.mk/live/bootcamp-video-editing/
Накратко запознај не со тебе? Дали имаш претходно знаење во видео обработка?
Здраво, јас сум Наде и доаѓам од Битола. Неодамна го завршив буткампот за видео обработка. Претходно имав некое познавање од Premiere pro но не и од After Effects
Зошто се одлучи да го унапредиш своето знаење во видео обработка?
Претходно го работев Premiere Pro , но сакав да го надградам моето знаење. Долго време барав курс за видео обработка и бев среќна што го пронајдов буткампот на SMX.
Како дозна за SMX? Која беше главната мотивација за да го избереш SMX како едукативен центар?
За SMX дознав од социјалните мрежи и навистина можам да кажам дека не згрешив во изборот.
Од обработените модули, Premiere Pro и After Effects, кој модул ти беше најинтересен и зошто?
Подеднакво ми беа интересни и Premiere Pro и After effects, секој час беше интересен и навистина научив многу.
Дали можеш да ни издвоиш некој предизвик во моменталниот тек од Буткампот и како го надмина истиот?
Буткампот беше со брзо темпо, научивме многу, посебен предизвик ми беше финалната задача но се потрудив да ја завршам на време.
Како би го опишала твоето искуство на Буткампот за видео обработка?
Како што и претходно што напоменав, имав прекрасно искуство на овој Буткамп, нашиот предавач Владимир се потруди детално да ни објасни и да ни го предаде неговото знаење за Video editing и Motion graphics на што сум посебно благодарна од неговата професионалност исто и до SMX
Која би била твојата порака до идните заинтересирани студенти за Буткампот за Видео обработка во SMX?
Видео монтажата е и уметност и занает. Тоа е моќна алатка која ви овозможува да раскажувате приказни, да будите емоции и да комуницирате идеи на начин што зборовите сами по себе не можат. Во текот на овој курс, ќе научите како да користите софтвери кои се стандарди во индустријата, да ги разберете принципите на добрата монтажа и да истражувате различни стилови и техники.